Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На 13 септември почнува МОТ: 9 вечери, 15 театарски претстави на 7 сцени

0
By Нова ТВ on September 5, 2019 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Овогодинешното 44-издание на Младиот отворен театар (МОТ) ќе се одржи од 13 до 21 септември.

Во девет вечери ќе гостуваат петнаесет врвни театарски продукции, на шест сцени во Скопје и една во Велес.
Отворањето е со проектот „Оваа зграда зборува (на)вистина“ – добитник на најпрестижната награда – „Златна Трига“ на 14-то Прашко Квардиенале за дизајн во сферата на перформанс, сценографија и театарска архитектура.

Покрај претставата за отворање, следи и гостувањето на  Словенско младинско гледалишче и „Сѐ уште без наслов“ на генијалниот Томи Јанежиќ, театарско искуство во времетраење од девет часа.

Во рамките на придружната програма на фестивалот ќе настапи култниот бенд „Шумски“ од Хрватска и номинираните за Греми, „кумови“ на алтернативното кабаре – „The Tiger Lillies“ со едно посебно шоу, со кое слават 30 години во бизнисот.

Покрај двата концерти, следува и работилница за специфична локација – „Оди и види“ во Железничката зграда, потоа предавање и дискусија со Мајк ван Гран во Кино Култура и промоција на книгата „Анамнезис: Дијалози на уметноста во јавен простор“ од Сандра Ускоковиќ во МКЦ.

Програмата ќе се одвива во Национална опера и балет, Кино Култура, Железничка зграда, Театар Комедија, сала Фросина – МКЦ, Дансин сала – МКЦ и Драмски театар и една во Велес – Театар Јордан Хаџи Констатинов Џинот.

Продажбата на билети започнува од денеска (5 септември), после 12 часот на билетарницата во МКЦ и онлајн на bileti.mkc.mk

Цената на билетите за сите претстави до 12 септември е 200 денари.

* За „Сѐ уште без наслов“ билетите ќе чинат 500 денари, а за „The Tiger Lillies“ билети по 350 ден.

Од 13 септември, билетите за сите претстави ќе чинат 300 денари.

* За „The Tiger Lillies“ билети по 500 ден.

*За претставата „Злосторството на 21 век“, која се игра во Велешкиот театар, цената на билетите ќе биде 200 ден. со организиран автобуски превоз од Скопје.

Билетарницата во МКЦ ќе работи секој ден од 13:00 до 20:00 часот.

За оние што немаат потреба од организиран автобуски превоз, цената на билетите е 100 ден., само на касата на Велешкиот театар или со резервации на teatardzinot@yahoo.com или на 043231750.

Фестивалот е поддржан од Министерството за култура на РСМ и Градот Скопје.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
ФОКУС

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

ВЕСТИ October 7, 2025

Весниотк „Израел Хајом“  објави документ од 21 кој страница открива детален план за воспоставување меѓународна…

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025

Трамп: САД ќе продаваат ракети „Томахавк“ на НАТО – дел ќе завршат во Украина

October 7, 2025

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

October 6, 2025
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.