Во градското кино „Милениум“ на 15 март ќе се одржи македонската премиера на филмот на Теона Стругар Митевска, „Господ постои, името ѝ е Петрунија“, кој беше единствен наш претставник во официјалната конкуренција на Берлинскиот филмски фестивал.
Ова остварување веќе ја освои светската филмска критика и доби две престижни награди на реномираната манифестација: Ecumenical Award и Guild Film Prize. На премиерата во „Милениум“, режисерката Стругар Митевска ќе има и свое обраќање пред скопската публика.
Првата награда, Ecumenical Award се доделува за да се оддаде почит кон оние уметнички дела што сведочат за моќта на филмот во откривањето на мистериозните длабочини на човекот. Втората награда со која се закити е Guild Film Prize, која ја доделуваат членови на жири комисија, кои се дел од Асоцијацијата на германската уметничка кинематографија AG Kino – Gilde e.V, а воедно се и менаџери на арт-кина.
Главната актерка во филмот е Зорица Нушева, а покрај неа се и Стефан Вујисиќ, Петар Мирчевски, Симеон Мони Дамевски и други.
Билетите за македонската премиера чинат 150 денари.