На 26 март се закажани вонредни парламентарни избори во Бугарија.
Изборите ги распиша бугарскиот претседател Румен Радев а парламентот ќе биде распуштен на 27 јануари.
Бугарија влезе во политичка криза по победата на Румен Радев кој мораше да распише предвремени парламентарни избори, бидејќи Владата поднесе оставка откако нивниот претседателски кандидат изгуби на изборите.
Премиерот Борис Борисов на 14 ноември поднесе оставка од премиерската функција, еден ден откако кандидатката од неговата партијата ГЕРБ за претседател, Цецка Цачева, беше поразена во вториот круг од претседателските избори од Румен Радев, кој ја доби поддршката од социјалистите.
До изборите функцијата премиер да ја извршува поранешниот претседател на бугарското собрание Огњан Герџиков.
Герџиков (70), кој во моментов е професор по право и претседател на еден арбитражен суд, беше претседател на бугарското собрание од 2001 до 2005 година.