Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На 5 ноември условена препорака за Македонија

0
By Светлана Јовановска on October 29, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На 5 ноември Европската комисија (ЕК) ќе ги објави извештаите за напредок на земјите од Западниот Балкан и Турција. Македонија овој пат, со оглед на компликуваната политичка ситуација, ќе добие условена препорака за старт на преговори за членство во ЕУ, дознава НОВА.

Ова е преседан и за прв пат се случува, не само во македонскиот случај, туку и во севкупната историја на проширувањето на ЕУ.

Условот ќе биде спроведувањето на договорот од Пржино а можно е ЕК да направи и нов извештај посветен токму на овој договор во првата половина на 2016 година.

Извештајот за напредокот на Македонија на патот кон ЕУ е веќе напишан. Во него нема да има многу изненадувања освен можеби еден вид нова методологија која Европската комисија (ЕК) ќе ја воведе годинава. Според овој начин на известување, извештајот треба да стане полесен за читање а ќе се воведат споредби помеѓу земјите кандидати за членство па секој од нашиот регион ќе може лесно да види каква е неговата ситуација во некоја област во споредба со истата област во друга земја од регионот.

Според нашите извори, на масата било и замрзнувањето на препораката. Овие сценарија сепак биле отфрлени бидејќи според проценките на европските дипломати одземањето или замрзнувањето на препораката би имало негативен ефект за земјата и нејзината економија но не ни било добро за ниту една партија во Македонија.

Замрзната или одземена препорака веднаш би активирало серија меѓупартиски обвинувања за тоа кој треба за тоа да се обвини, а тоа, според Брисел “не е целта на извештајот и сега не е време за такви дебати – Македонија мора брзо да се врати на примената на договорот од Пржино”, вели нашиот извор.

Сценариото за условена препорака се смета и за најсоодветно бидејќи ЕК очекува дека и понатаму ќе има блокади секогаш кога владеачката партија ќе оцени дека тоа може да го направи па условото за одржување на препораката би бил ефикасен инструмет за држење на состојбите под контрола.

Малинка Ристевска-Јорданова од Институтот за европска политика од смета дека условената препорака е најдобриот начин за ЕК да го искаже своето незадоволство од власта но истовремено да не ги казни македонските граѓани:

“Изгледа најизвесно дека ќе се задржи препораката, но со услов – исполнување на политичкиот договор од Пржино. Ова, во конкретната ситауција, изгледа и најдобра варијанта. Од една страна – не се казнуваат веднаш државата и граѓаните, заштосекако последиците од одземање на препораката ќе ги трпат сите. Од друга страна, се дава уште една шанса за институционално решавање на кризата. Но, она што е најважно е дека по изјавата на амбасадорите на државите членки во ЕУ,одговорноста за неисполнување на политичкиот договор од Пржино е многу јасно лоцирана во премиерот Груевски и тој неможе да избега од неа”, вели Ристевска-Јорданова.

Се очекува утре ЕК да го потврди 5 ноември како датум за објавување на извештаите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.