Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На Античкиот театар утревечер отворање на 63. „Охридско лето“

0
By Marija Todorovska on July 11, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дел од светската уметничка елита, од областа на класичната музика, театарот, наредните месец и половина повторно ќе биде во Охрид. Почнуваат 40-те дена возбуда што ги носи Фестивалот „Охридско лето“, и во ова 64-то негово издание.

Честа и привилегијата Фестивалот да го отвори годинава му е доделена на светски познатиот виолинист од Литванија, Џулијан Рахлин, кој утревечер на сцената на Античкиот театар ќе настапи заедно со  оркестарот на  Македонската филхармонија.

За маестро Рахлин критиката вели дека е еден од највозбудливите и најпочитуваните виолинисти, уметник кој ја маѓепсува публиката низ целиот свет со неговиот исклучително богат звук, беспрекорна изведба и маестрална интерпретација.

Од 12 јули до 20 август на отворените сцени на Антички театар, Долни Сарај, Предворјето на црквата „Св Софија“, како и самата црква „Св Софија“ и Центарот за култура ќе продефилираат и настапат над 500 уметници од 24 земји, а вљубениците во класичната уметност ќе имаат прилика да уживаат во 27 концерти, шест театарски претстави и три настани во дополнителната програма.

Селекторката на музичката програма, маестра Бисера Чадловска, изрази задоволство што на отворањето заедно со маестро Рахлин на Античкиот театар ќе настапат уметниците од Македонската филхармонија која оваа година го одбележува 80 години од постоењето.

„Не очекуваат голем број настани, со бројни домашни узведувачи, кои воопѓто не заостануват во квалитетот зад светските музички имиња. Меѓу нив пијано дуото Марија Ѓошевска и Славица Мицовска, Влатко Стефановски на гитара кој одбележува 50 години солистичка кариера, потоа традиционалниот концерт на Камерниот оркестар на музичката младина, . Има и два концерт постветени на макеоднските композитори, Томислав Зографски и Стојче Тошевски, како и на Гоце Коларовски“, рече Чадловска на прес-конференцијата на која беше презентирана фестивалската програма.

Од странските уметници во музичката програма ќе ги видиме и чуеме гитристот Герхард Рајнбах, пијанистот Гери Даглас, виолончелистот Драган Ѓорѓевиќ Сузуки со пијанистот Андреј Гугнин, Доминик Вагнер на контрабас…Тука е и концертот на Црногорскиот симфониски оркестар, Адријатик пијано квинтетот, триото „Халир“ и многу други. Последниот ден од музичката програма е резервиран за врвната белгиска виолончелистка Ками Тома, во пијано придружба на пијанистот Жулиен Брокал.

На роденденскиот концерт на фестивалот ќе настапи салса бендот „Меркадонегро“, како концерт што ќе ги разбие класичните концертни содржини.
Селекторката на драмската програма на „Охридско лето Сања Арсовска за престојното фестивалско издание најави разновидна театарска авантура, со разноликост во столовите, форматите, естетитеката, драматургијата, со најголема застапеност на женските ликови.

„Она што ќе ја одбележи овогодинешната програма се трите театарски премиери – на домашните театари од Велес и Битола со претставите „Рацин“ и „Галеб“, како и светската премиера на „КРалот Лир“ на Лит Мун Ворлд театарот од Санта Барбара, Калифорнија“, појасни таа.

Арсовска уште ги најави театарските изведби на Совенечкото гледалишче од Марибор со „Безгрешна“ во режија на познатиот Томаж Пандур и неговата сестра која ја завршува претставата по неговата смрт,  потоа стенд-ап шоуто со познатиот српски и интернационален актер Никола Ѓуричко, „Лет над кукавичиното гнездо“ со Драмскиот театар од Белград и „Алиса во земјата на стравовите“ со Југословенското драмско позориште исто така од Белград.

Сцените се подготвени да ги примат уметниците, организациски се одвиваат последните подготовки за беспрекорна реализација на годинешното фестивалско издание. Директорката на „Охридско лето“ Наташа Поповиќ најавува беспрекорна реализација на фестивалот, со во насока и овојпат да се остави слика достојна за Фестивал познат низ светот по културните вредности кои ги поседува.

ж Охридско лето
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.