Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На ЕУ и успеа – примирје меѓу власта и опозицијата

0
By Сашка Цветковска on March 1, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Опозицијата се враќа во парламентот, ќе учествува на локалните избори, ќе се формира ад – хок комисија за утврдување на настаните од 24 Декември, а по наодите на комисијате ќе се разговара за можноста за одредување датум за парламентарни избори. Ова денес попладне го договорија власта и опозицијата со посредство на претставниците на европските институции и Претседателот Ѓорѓе Иванов.

Целиот ден помина тензично и во исчекување на вести од средбите. Во Скопје утринава допатуваа еврокомесарот Штефан Филе, известувачот за Македонија во Европскиот парламент Ричард Ховит, Директорот на Генералниот директорат за проширување на ЕУ, Стефанo Санино, како и поранешниот претседател на парламентот Јержи Бузек.

Во просториите на делегацијата на ЕУ во земјава тие ги примаа на разговори претседателите на СДСМ, ВМРО ДПМНЕ И ДУИ. Прв, со половина час задоцнување пристигна премиерот Никола Груевски. По средбата со него дојде и лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, а лидерот на ДУИ Али Ахмети последен дојде, но и најрано замина.

Европските гости на одвоените средби вршеа силен притисок за да се постигне договор, за кој напати одвнатре брифираа дека изгледите се тешки и дека и двете страни покажувале непопустливост.

Пред просториите на делегацијта на ЕУ во Скопје, заедно со десетиците новинари вести од средбата чекаа и претставници на холандската, германската, грчката амбасада, претставници на ОБСЕ и други дипломатски претставништва.

Прес конференцијата на Штефан Филе, иако најавена за 13 30, времето до кое се очекуваше да се знае исходот од средбите, се одложи за околу два часа, а претставниците на власта и на унијата се упатија во резиденцијата на претседателот Ѓорѓе Иванов. Дека можностите за договор се зголемуваат, но и дека притисокот да се постигне некаков договор е навистина голем го потврди и ненејавеното доаѓање на министерот за надворешни работи Никола Поповски, како и членови на партискиот врв и од СДСМ и од ВМРО ДПМНЕ.

Од владејачката дојдоа Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, шефот на кабинетот на премиерот Мартин Протоѓер и вицепремиерот за финансии Зоран Ставревски, а речиси истовремено со нив во вилата на Претседателот пристигнаа Јани Макрадули, Наташа Савова и Андреј Петров од СДСМ.

Иако Штефан Филе требаше да полета уште во три часот од скопскиот аеродром, сепак, поради непредвидените текови на средбите летот се одложи. Договорот се обзнани малку по 15 часот, кога претседателот Ѓорѓе Иванов и известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Ричард Ховит им се обратија на новинарите со детали од средбата. Ниту Груевски ниту Црвенковски не ги коментира деталите од договорот и набрзина “излетаа” од претседателската резиденција.

Претседателот Иванов истакна дека е задоволен што договорот е постигнат и што земјата ќе може да се врати на својата европска агенда. На Ховит остана да зборува во име на Европската комисија и Европскиот парламент и да ги изложи деталите од договореното.
“Договорот вклучува опозицијата да се врати во Парламентот и да учествува на изборите, да се формира ад –хок комисија за настаните од 24 декември и резултатите од Извештајот на таа комисија ќе бидат вклучени во Извештајот за напредокот на Македонија во октомври.

Ќе се разговара за изборниот законик после локалните избори врз основа на Извештајот на Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР. После локалните избори да се сретнат сите политички партии и да ја разгледаат можноста за предвремни парламентарни избори“ изјави Ховит.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.