Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На гости кај Груби германските пратеници Петри и Мијатовиќ- спорот со Бугарија дел од разговорот

0
By Mirjana on February 5, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Првиот вицепремиер и министер за Политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денес оствари средба со германските пратениците Кристијан Петри (СПД), Борис Мијатовиќ од (Die Grünen) како и директорот на ФЕС во Скопје, Рене Шли.

Спорот со Бугарија и решавањето на овој проблем беше дел од разговорот меѓу Груби и германските пратеници Петри и Мијатовиќ.

На оваа средба соговорниците размениja мислења и за подготвеноста на страните за постигнување еден достоинствен компромис меѓу двете земји.

Скопје и Софија водат конструктивен дијалог преку работни групи за да се постигне компромис кој нема да влијае на ниту една страна и би го овозможил очекуваниот чекор за земјата да може да добие датум за почеток на преговорите со Европската Унија.

Интеграцијата во Европската Унија и патот полн со предизвици на Република Северна Македонија беа и дел од дискусијата на оваа средба.

Германските пратеници ја изразија безрезервната поддршка на германската држава го дава во овој поглед, додека првиот вицепремиер Груби изрази благодарност до Германија што договорот на новата владина коалиција во Берлин ја вклучува интеграција на Западниот Балкан во Европската Унија, со посебен акцент за Република Северна Македонија и Република Албанија.

Груби на оваа средба им се заблагодари на германските пратеници за големата поддршка што Германија и ја дава на нашата земја на европскиот пат.

Груби ПЕТРИ И МИЈАТОВИЌ СРЕДБА ГЕРМАНСКИ ПРАТЕНИЦИ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.