НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На изборите на 11 декември ќе победи Прибе

0
By Борјан Јовановски on November 1, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Што ќе се случи на 11 декември? Кој ќе победи? Ова се прашања со кое на големо се занимава граѓанството во главно збунето во галиматијасот предизвикан од медиумските пропаганди но уште повеќе од неподносливата леснотија на импровизаторите со титули експерти кои ги одржуваат сопствените суети во живот лажно претставувајќи се како познавачи на состојбите.

Во моментов никој го нема одговорот кој колку гласа ќе освои на овие избори. Ниту една од анкетите нарачани од едните или другите не дава релевантен податок со оглед на заплашувањата кои ги трпи граѓанството во континуитет во еден подолг период.

Па сепак, она што може лесно да се предвиди од сега, а по се, е дека Никола Груевски и цела негова екипа со која владееше дефинитивно заминува во политичка пензија. Груевски и мал круг на луѓе околу него тоа го знаат уште од јуни кога и беше речено дека играта заврши. Тоа го знае и Љупчо Георгиевски кој деновиве беше на една средба на која беше запознат со судбината на неговиот ученик на кој како што рекол самиот Љупчо “не би сакал да му биде во кожата”

Новата влада, која и да е, извесно е дека наредните две години ќе мора да ги потроши во процес на целосна имплементација на препораките на Прибе со цел да се врати државата на нозе. Да се департизира администрацијата и правосудниот систем. На чело на таа влада може да биде  дури и актуелниот шеф на дипломатијата Никола Поповски или некој друг од таа екипа на вмро-вци со европски лик што ниту малку нема да може да го смени правецот од колосекот на кој се става Македонија во насока на дефинитивно ослободување од баластите на 25 годишното скрнавење на државните институции.

Мандатот на СЈО во таа насока ќе биде продолжен, измените на законот за заштита за сведоци усвоени исто како и крупни реформи на кадровските решенија на клучните позиции во правосудството со сите финеси кои таа ги подразбира за да се обезбеди непречено функционирање на владеење на правото како главен предуслов Македонија да се врати на европскиот пат. Оние кои на изборите ќе излезат да гласаат за ВМРО ДПМНЕ имајќи ги во предвид сопствeните лукративни интереси пред интерсите на сопствeните деца и внуци ќе бидат најмногу разочарани.

Во таа смисла треба да се има во предвид поголемата слика бидејќи тука не станува збор за некаков посебен напор на ЕУ и НАТО во однос на Македонија туку станува збор за една поширока операција од регионален карактер која веќе доби конкретни контури во опкружувањето.

Мило Ѓукановиќ ги доби изборите но не и мандат за состав на нова влада. Таа работа мораше да им ја препушти на неговите соработници за конечно да му овозможи на црногорското специјално обвинителство да се позанимава и со самиот Ѓукановиќ. Тој не успеа да си обезбеди простор за нов мандат и покрај неговото огромно политичко искуство преку кое на изборите во Црна Гора се позиционираше како единствен гарант на евро атлантскиот курс на таа земја.

Не му е полесно ни на Вучиќ кој деновиве имаше непријатни сцени кои уследија по исто толку непријатните средби со шефот на руското разузнавање во Белград. Седењето на московската и бриселска столица завршува за Вучиќ откако и самиот сфати дека тој флерт со Русија направи голема црна дупка која се поагресивно ја исполнуваат руските недефинирани интереси. Рускиот наратив за словенското братство има единствен интерес на Балканот да одржува нестабилност со која ќе се попречуваат интересите на ЕУ и НАТО за трајна стабилизација на овој простор преку негова демократизација која пред се подразбира воспоставување на целосно владеење на правото. Овој интерес на западните сили стана особено важен при ескалацијата на состојбите на Блискиот исток но и Турција по што југоисточна Европа станува стратешка точка за одбрана на евро-атлантската зона.

Ова се констелациите кои Македонија мора да ги има во предвид доколку сака да го фати последниот вагон на европската интеграција кој се спрема да тргне кон крајната дестинација. Патетични се коментарите на принаучените аналитичари на ВМРО за тоа дека Македонија е жртва на геополитиката.

Едноставно Македонија не може без ЕУ и тоа не затоа што е мала и сиромашна туку затоа што глобалните трендови ја ставаат во зависна положба дури и една Турција која и покрај сите гламења колку е таа супериорна во однос на Европа затоа што ги држи бегалците легнува на брашно кога на дневен ред доаѓа математиката. Анкара се закани дека во октомври ќе ги пушти бегалците кон Европа ако не добие визна либерализација. Дојде ноември либерализација нема а бегалците се во Турција како што е договорено. И толку за демагогијата на популизмот. Па ако една Турција е свесна за своите позиции во Македонија не би требало да има било какви дилеми дека ако ја сакаме оваа држава да е мирна стабилна и просперитетна избор и нема.

Правецот е јасен и никој здраворазумски во оваа држава нема од него да отстапи. Прашањето е сега на брзината со која ќе се движиме по тој пат. Доколку граѓанството излезе масовно на овие избори и во голем процент јасно каже дека Македонија и врти грб на политичката (не)култура градена овие 25 изминати години работите многу брзо може да тргнат во посакуваниот правец. И обратно. Затоа на 11 не одлучуваме за партија туку за брзина и ефикасност со која ќе се извадиме од калта во која тонеме. Добрата вест за сега е дека ќе мора да преживееме и покрај напорите вложени во туркањето кон дното на живото блато.

ПС

Има уште едно прашање важно по чаршијата. Дали Груевски ќе оди во затвор? Одговорот е дека ќе пресуди владеењето на правото

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
ФОКУС

Трамп: Примирјето во Украина „зависи“ од Путин

ВЕСТИ August 8, 2025

Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа изјави дека примирјето меѓу Русија и Украина „зависи“ од…

Зеленски ги објави условите пред можни преговори со Трамп и Путин – Русија да престане да убива Украинци и да се согласи на прекин на огнот

August 7, 2025

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

August 7, 2025

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.