НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На Македонија и е неопходен европски специјален пратеник

0
By Светлана Јовановска on June 26, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во ЕУ се слушаат се повеќе гласови кои бараат да се назначи специјален претставник кој сериозно би се фокусирал врз македонската криза и би помогнал во спроведувањето на препораките на Европската комисија (ЕК) и препораките на извештајот Прибе и би ја контролирал нивната примена.

Повеќемина министри оваа недела, на состанокот во Луксембург каде што се разговараше за Македонија, покажале подготвеност во оваа насока, информира висок европски извор кој од самиот почеток ја следи македонската криза и е запознаен со сите детали на преговорите кои се водат помеѓу македонските политички партии.

ЕК не го менува својот став дека улогата на комесарот Јоханес Хан е само олеснувачка. Според изворот на НОВА, на Македонија и е неопходно потребен човек кој ќе може да и се посвети на кризата. Комесарот Хан има премногу други обврски за да може со прецизност и постојано да ја следи примената на европските препораки. Комисијата сето тоа ќе го следи и ќе ги даде своите заклучоци во својот есенски извештај. Но дотогаш напредок мора да има за да може Македонија да остане на европскиот пат.

Комесарот Хан денес потврди дека најверојатно нема да патува во Скопје во понеделник, но рече дека очекува сериозен напредок:

“Се надевам на подобрување (во понеделник) и се надевам на први конкретни резултати. Ако добро разбрав од извештаите, сите се решени да направат сериозен напредок и тоа е во интерес на сите нас. Нема да бидам во Скопје во понеделник но ќе бидам on-line”, изјави тој за Телма.

Како што јави НОВА на 23 јуни, посетата на Хан ќе биде најавена доколку од Скопје стаса еден вид гаранција дека лидерите ќе можат да постигнат договор. Во спротивно, Хан нема намера да се прошета до Скопје за да заклучи дека и оваа средба била неуспешна.

Комисијата нема голема надеж дека во понеделник, на 29 јуни во Скопје, ќе биде решена кризата. За тоа ќе треба повеќе време, вели еден извор од ЕК. Според овој извор, лидерските преговори немаат свој краен рок и можат да се продолжат и по понеделник. Но Комисијата смета дека Хан ќе оди во Скопје кога ќе се наѕира конечен договор за преодната влада и нејзиниот состав. Доколку вакви гаранции пристигнат во текот на викендот, Хан е подготвен да се качи на првиот авион за Скопје.

“Без оглед на тоа како ќе завршат преговорите во понеделник или во наредните денови, во ЕУ се повеќе станува јасно дека во Македонија нема доволно политичка волја за примена на овие препораки кои се навистина прецизни. Слушаме ветувања дека препораките ќе бидат применети, но со оглед на претходното искуство со примената на сите досегашни европски препораки кои не доведоа до ефикасни и незвисни државни институции, ќе разберете дека ЕУ нема многу доверба во македонските ветувања”, вели овој извор.

Според друг извор, улогата на европските пратеници во македонската криза е практично исцпрена. Нивната улога беше позитивна и конструктивна на почетокот на преговарачкиот процес, но подоцна олеснувачката улога ја презеде ЕК. Оттука, европските пратеници нема да учествуваат во разговорите во понеделник во Скопје.

Всушност, главната улога засега им е оставена на македонските лидери. Тие треба да го договорат составот на преодната влада и да направат заеднички список за начинот и роковите за примена на приоритетите. Според изворот во Брисел, улогата на ДУИ е рационална и позитивна. Целиот процес го следат и САД и ја даваат својата помош.

Но, на подолг рок неопходно би било присуство на политичар или висок функционер кој би добил само една задача – извлекување на Македонија од долгата и длабока криза.

Задачата на овој пратеник, како што изјави и Мирослав Лајчак, шефот на словачка дипломатија, би била исто така да се дојде до независна истрага за Куманово и прислушувањата:

“Треба да има објективна, непристрасна и независна истрага за случувањата во Куманово и за тајните снимки и да се осигуриме дека изборите се транспарентни и слободни. Исто така, по 23 години стагнација во спорот за името, има потреба од нов пристап бидејќи ова прашање ја блокира Македонија на нејзиниот трансатлантски и европски интеграциски пат“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.