Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На Матеја Матевски, ИН МЕМОРИАМ

0
By Нова ТВ on June 9, 2018 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Познатиот шпански поет Хусто Хорхе Падрон, во емотивно обраќањеза НОВА, се простува од својот пријател Матеја Матевски

Денешниот ден е многу тажен за мене, очаен ден и тешко можам да си замислам дека мојот најдобар пријател, мојот македонски брат, нè напушти.

Се чувствувам осамен и празен.

Мислата дека не ќе можеме повторно да се гледаме како досега, долго да разговаравме за нашите пориви, грижи, јанѕи и радости во поезијата и животот, ме облева со длабока тага и болка. Горд сум што имав можност да ја запознаам неговата голема поезија, монумент на македонската литература, но пред сè што можев да уживам во неговото вистинско пријателство.

Секогаш постоеше меѓу нас взаемно почитување и восхит.

За Матеја Матевски можам да потврдaм, неплашејќи се да бидам непрецизен, дека тој е македонскиот поет со најголемо меѓународно признание. Неговото творештво го кулминира обновувањето на традицијата иницирана од неговата генерација, обидувајќи се да воведе поезија со дотогаш непозната чувствителност во земјата, која се поврзува со најважните современи трендови на шпанската и француската поезија. Воспоставува мудар спој помеѓу надреалистичката техника и енергичната сензорна слика на еден актуелен и обновен симболизам, проследен со беспрекорна дикција која ја открива космогонијата на човечкото и овоземското. Овој израз допира во песната до една независна реалност, еден концизен и волшебен дијалог во кој зборот ги отвора таинствените врати на парадоксалното и мистериозното постоење. Говориме за поезија издлабена со нијансата, со местоположбата на зборот за да ја разубави целата своја атмосфера.

Волтер рече дека “поезијата е создадена само од убави детали”, можеби со намера да ги избегне патеките што ја водат кон прозата. Мислам дека токму ова е тоа што го негува Матеја Матевски, бидејќи во неговите стихови ја забележувам таа очигледна диспозиција, никогаш да не се оддалечи од своите суштински чувства, обидувајќи се да ѝ го наметне рувото со складни звуци, каденци и спокојни тензии, кои ќе ѝ дарат хармонија на целината.

Истовремено тој е и импресионистички сликар – чии, не секогаш глатки потези се стремат кон целокупната визија – но исто така е и композитор кој оди по стапките на духот за да ја долови таа целосна полифонија. Не станува збор за барутна патека низ која бега пламенот, туку за брилијантен сплет на хорска оркестрација.

Во оваа позиција е местото каде што нијансата, суптилниот детал, добива важност на траен момент кој лебди во емоциите. Поетскиот тон се идентификува со богатиот сензибилитет, со префинетиот витален импулс и со длабоката и пантеистичка мисла, обдарени со голема набљудувачка моќ, која се препознава себеси и се справува со таа луцидна и воздржана страст, за да го посведочи неговото постоење и неговата љубов кон зборот. Тивка, спокојна поезија која го зацртува загадочниот трепет на дните и која ја познава, со длабока мудрост, човечката осаменост.

По избор или судбински, понекогаш е пристојно разочарана солза, која наѕира во страницата за да му ја дари на читателот очајничката тага и трогливиот трепет на утехата. Предлага надеж без фанфари, прилагодена на човечкото, ископување во пејзажот и душата, за да изнајде скриени спомени кои ќе ни помогнат да ја осветлиме темнината на нашата реалност и да ги разјасниме прашањата за светот.

Целокупното негово творештво ни открива глас на голем поет кој ги надмина маргините на својот јазик и литература и кој, од самиот почеток, ја возвиши својата мистериозна и длабока убавина за да го збогати културното наследство на својот народ и да стане универзален.

Денес Македонија изгуби еден од столбовите на својата културна традиција, човек кој со длабока верност ги бранеше насекаде низ светот вредностите на својот народ, неговата историја, неговиот јазик, а јас изгубив, благороден, искрен пријател со огромна човечка доблест.

Почивај во мир, драг Матеја. Ѕвездите нека те придружуваат.

Хусто Хорхе Падрон

*Хорхе Хусто Падрон е еден од најпреведуваните шпански поети во 20 век. Добитник е на Златниот венец на Струшките вечеи на поезијата во 1990 година

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

ВЕСТИ September 27, 2025

Родителите на починатите во мартовскиот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска по 24 –…

The Times of Israel:  Планот на Трамп за Газа – Израел ќе ја повлече војската и Палестинците нема да бидат раселени

September 27, 2025

СБ: Македонија, Косово и Молдавија со најголем пад на населението

September 26, 2025

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

September 25, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025

Сè повеќе ученици во ЕУ учат два или повеќе странски јазици

September 26, 2025

Протести во Софија против „вкоренетото влијание на мафијата во бугарската политика“

September 26, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.