Лидерот на ВМРО ДПМЕ, Христијан Мицкоски вечерва објави фотографија како лежи во хируршка сала и објаснува дека имал лесен хируршки зафат. Мицкоски на Клиниката за Тораклана хирургија оперирал атером или масно ткиво потврдија од Клиниката за Нова.
На фотографијата се гледа фластер на неговиот врат, а тој додека лежи на болничкиот стол во салата е опкружен со повеќе лекари – специјалисти од различна специјалност.