Според податоците на Меѓународната организација на трудот во светот околу 168 милиони деца се жртви на злоупотреба на нивниот труд од страна на возрасните.
Од нив речиси десет милиони работат во услови на ропство. Со тоа, таа огромна бројка на деца се лишени од своите основни права и слободи, како што се правото на грижа за нивното здравје и право на образование.
Според податоци на Првата детска амбасада во светот Меѓаши, 18.500 деца во Македонија не одат на училиште, повеќе од 2.000 деца се на улиците и крстосниците питајќи или продавајќи некои производи. 1.500 деца се уште немаат извод од Матичната книга на родените. На сите овие деца, кои се од различна возраст и националност им се злоупотребува трудот во крајно нечовечки услови.
Како и секоја година така и оваа Првата детска амбасада во светот повторно апелира да се обезбеди вклученост на сите деца во образовниот процес. Тоа е најдобриот начин за успешно искоренување на злоупотребата на детскиот труд.
„Едно дете повеќе во училница – едно дете помалку на улица“.