НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На непосредни избори на 30-ти јуни СДСМ избира претседател на партијата – кандидати се: Александар Бајдевски, Јован Деспотовски, Славјанка Петровска и Венко Филипче

0
By Zoran Ivanov on June 22, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

НОВАтв.мк накусо ги преставува кандидатите, сегменти од нивните визии содржани во нивните изборни програми и нивни предизборни пораки

Александар Бајдевски – Слобода, праведност, солидарност

Еден од стратешките чекори што треба да ги направиме е да ја вратиме препознатливоста на СДСМ.

Визијата за партијата е нејзино реструктурирање и децентрализација и поголемо учество на членовите во одлучувачките процеси.

Визија за социјалдемократска Влада заснована на мисија со конкретни цели за подобрување на животот на сте граѓани, како и визијата за модерен и меѓународно влијателен Социјалдемократски Сојуз на Македонија, со изградени коалиции внатре и надвор од државата.

Првата работа што треба да се направи е зголемеа децентрализација на партијата, преку ревидирање на статутот и неговите одредби. Ако секој член има можност да одлучува кој ќе биде Претседател на партијата, истата одлучувачка моќ треба да ја има и за тоа кој ќе ги води општинските организации, кој ќе биде на листа за советници и пратеници, кој ќе биде кандидат за градоначалник.

Претседател, Извршен и Надзорен одбор на општинската организација ќе се избрана на ниво на општинска Конференција.

Истиот принцип ќе важи и за избор на органите и телата на централно ниво, а ќе ја организираме ефикасно работата на Градската организација на СДСМ во Скопје.

Во однос на пратеничките и советничките листи најдобар пристап би бил пристапот како за избор на Претседател на СДСМ, односно гласање на сите членови. формираните коалиции. На ваков начин верувам дека ќе обезбедиме на листите за пратеници да се најдат луѓе кои вистински узиваат углед и почитување меѓу членовите и ќе можат на вистински начин да ги претставуваат истите.

Истиот принцип ќе се преслика и во Социјалдемократската младина на Македонија – СДММ и во Форумот на жени на СДСМ – ФЖ.

Александар Бајдевски – цитати:

  • Не треба да има дилема дека идната економска платформа треба да биде во насока на социјалдемократската идеологија со настојување за раст на платите стандардот;
  • Нужна е силна борба против сивата ркономија и корупцијата, подобро образование и здравство и воведување систем на прогресивни механизми за оданочување;
  • Потребно ни е враќање на корените, враќање на основните социјалдемократски вредности, слободата, правдата, солидарноста, еднаквите шанси за сите;
  • Не успеавме да го спроведеме до крај концептот на „Едно општество за сите“, но можеме да го надградиме и да создадеме концепт кој ќе овозможи еднаквост и праведност за сите граѓани.

Александар Бајдевски е роден е 1977 година, дипломирал на Економскиот факултет при УКИМ на финансиско сметководствен менаџмент, бил општински советник, стручен советник во Централниот регистар, соработник во канцеларијата на претседателот на Владата, соработник во владиниот сектор за анализи, соработник во секторот за финансии при минитерството за информатичко општество и администрација, во 2017 година е Заменик министер за информатичко општество и администрација.

 

Јован Деспотовски – Нов почеток, нов СДСМ

Новиот СДСМ ќе се роди како автентична, прогресивна партија и по начинот на своето дејствување, политиките, луѓето кои ја претставуваат партијата и начинот на кој се комуницира со членовите, симпатизерите и воопшто заедницата. Партија која ќе биде прв избор за сите прогресивни, демократски ориентирани граѓани. Партија која ќе биде предводник во градењето нова политичка култура втемелена на демократски принципи. Партија која ќе го врати вистинското значење на граѓанскиот патриотизам како грижа и залагање за почитување на човековите права и слободи на сите, славење на различностите, грижа за животната средина, отпорност на корупција.

За да го постигнеме ова, за нас, луѓето, за државата, ни треба силна и доследна структура која ќе ја предводи прогресивната агенда. И сите ние треба да бидеме дел од таа промена. Моќта наша е во солидарноста, моќта наша е во заедништвото.

Програмата „Нов почеток, нов СДСМ” дефинира 5 столба како значајни компоненти на тој заеднички пат:

А. Нашите основни вредносни заложби како социјалдемократи; Б. За луѓето; В. Организација; Г. Клучен фокус; Д. Клучни партнери.

Програма е стратегиски документ со јасно поставени цели и пристап во 3 Фази: 1. Нов почеток и енергија за партијата и членството на новиот СДСМ; 2. Дефинирање на активностите и начинот на дејствување од перспектива на опозиција; 3. Подготовка на партијата и членството за идните избор.

„Концепт 28“ од програмата предвидува систем на директен избор на претседатели на општинска организација, кандидати за градоначалници, пратеници и повисоки партиски функции преку непосредно гласање на членовите.

Јован Деспотовски – цитати:

  • На СДСМ и на Македонија не им требаат готови туку чесни кадровски решенија;
  • Да не ги приспособуваме политиките на луѓето, туку луѓето и мерките да ги избираме според политиките што треба да се спроведат;
  • Воведуваме култура на почитување на разни мислења и промовирање професионален развој, обезбедуваме секој глас да биде слушнат и ценет;
  • Кандидатите за градоначалници на следните избори ќе ги избере членството преку непосредни избори во самата партија.

Јован Деспотовски дипломирал на Економскиот факултет при УКИМ и е постдипломец по меѓународни односи и дипломатија на Американ Колеџ во Скопје, раководител на владин сектор во Секретаријатот за европски прашања, програмски координатор на Канцеларијата за национална помош, кооснивач на МЕНСА, директор на Фондот за иновации и технолошки развој.

 

Славјанка Петровска – Манифест за соцојалдемократијата

 Фокусот ќе ми биде враќање на моќта на одлучувањето кај членството, тоа и го пишувам во Манифестот за социјалдемократијата. Мораме да расчитиме со лошите навики на носење одлуки во тесен круг на раководството и креирање политики во одбрано друштво без притоа членството да биде консултирано или во најмала рака на време информирано за одредени процеси.

Нема да толерирам двојни игри на штета на партијата и членството, ќе бидам гласна и јавно ќе ги обелоденам оние кои сакаат партијата да ја држат во заложништво за лична заштита.

Мора прво ние да се промениме. Вакви какви што сме денес не можеме ништо да постигнеме. СДСМ мора да направи коренити реформи во начинот на дејствување, креирање политики, но и кадровската политика во партијата. Мојата заложба е да расчистиме со лошите навики и штетни влијанија кои „му пресудија“ на СДСМ овие избори.

СДСМ повторно ќе биде дом на демократијата, на социјадемократските вредности и на државотворните политики.

СДСМ го промовираше и се залага за граѓанскиот наратив наспроти национализмот. Во мултиетнички средини најлесно се добива власт со национализам, но тој на долг рок не донел добро никому.

Концептот Едно општество за сите е совршено замислен, но се потфрли во неговата имплементација, затоа што поединци не ја сфатија суштината на таа визија. И затоа СДСМ не смее да се повлече од оваа своја визија која е точка на обединување, а времето тоа ќе потврди.

Клучот за СДСМ во мојата програма е во постулатите за демократизацијата на партијата преку непосредни избори, гласност, ветинг, контрола врз кадрите во извршната власт. За тоа е нужно, стои и во мојата програма, да изградиме систем не комуникација и координација на сите нивоа, градење јасни кадровски критериуми за сите партиски и јавни функции за фер и праведен избор за пратеници и за советници.

Славјанка Петровска – цитати:

  • Само силен СДСМ може да биде победнички СДСМ и затоа ќе воведам фер и праведен избор на кандидати за пратеници и советници преку широк процес во кој ќе учествуваат сите членови на СДСМ;
  • Вклучување, а не исклучување од одлучувањето на членовите на партијата, они кои секогаш го носат најголемиот товар во време на изборни кампањи и партиски активности.
  • Имам намера да го слушнам гласот на членовите затоа мојата програма превидува и опција за интернет референдумско изјаснување на членството односно секој член преку веб страницата на партијата да даде свое мислење за одредена политика, но и за ветинг за идните партиски функционери.
  • Идните партиски функционери мора да бидат избрани врз основа на критериуми за чесност, одговорност и посветеност.

Славјанка Петровска е родена 1982 година во Скопје, дипломира на Правниот факултет на УКИМ, работи во Секретаријатот за европски прашања, во Секторот за меѓународна соработка на Собранието, во владиниот Сектор за поддршка на Националниот совет за евроинтеграции, шеф на кабинетото на министерот на МВР, дополнителна заменичка министерка за внатрешни работи, пратеничкас во Собранието, Министерка за одбрана.

 

Венко Филипче – Нов СДСМ за нови победи

Целокупното раководство на партијата да биде отворено за секого 24 часа. Едноставно, да се слушаме, да разменуваме мислења и идеи коишто ќе дојдат од сите со цел да се градат политиките. Никој никогаш повеќе во партијата да не наиде на затворена врата за ниту една работа.

Програмата предвидува во СДСМда се формираат три нови тела: Советот за политика и стратегија, Секретар за односи со општинските и месните комитети и Комисија за етика и одговорност, како и секторски комисии.

Еден од главните столбови во функционирањето на партијата ќе биде Советот за политика и стратегија. Ќе се состои од политичари, експерти и надворешни соработници кои на дневна основа ќе ги анализираат политичките состојби и ќе креираат стратегии и политики за партијата.

Во Програмата е предвидено Советот да биде задолжен да го контролира идеолошкиот развој и позиции на партијата и да ги усогласува политиките на социјалдемократските принципи.

Во рамки на Советот за политика и стратегија ќе се формира уште едно тело-Советот на ветерани на партијата. Овој Совет ќе биде составен од искусни поранешни политичари на СДСМ и ќе служи како советодавен одбор на претседателот. Користејќи го големото значење и искуство на неговите членови, СДСМ во иднина ќе носи издржани стратешки одлуки.

Најголемиот проблем со којшто се соочивме изминатиот период и кое луѓето најдиректно ни го кажуваат е дека имале затворени врати. Едноставно не можеле да си ги кажат ни барањата, ни потребите и идеите. И што прават луѓето? Нормално се повлекуваат. Така да ако се отвори партијата, ако се симне структурата кон општинските организации каде што ќе се градат политиките и после тоа дојдат до централното ниво каде што понатаму ќе се дообликуваат е вистинскиот пристап. Само така ќе можеме да кажеме дека сме креирале политики согласно реалните потреби на луѓето.

Венко Филипче – цитати:

  • Ќе ја отвориме работата на комисиите – политиките ќе се градат врз основа на широка стручна дебата;
  • Менување на начинот на избор на претседатели на општинските организации и кандидати за градоначалници преку воведување на подемократски и потранспарентен внатрепартиски процес;
  • Целокупното раководство на партијата да биде отворено за секого 24 часа. Едноставно, да се слушаме, да разменуваме мислења и идеи коишто ќе дојдат од сите со цел да се градат политиките;
  • Освежување на партиската инфраструктура и на новите тела и органи кои ќе функционираат преку постојаната комуникација и формирање ново тело, Совет за градење на политики и на стратегии.

Венко Филипче е роден во 1977 година во Скопје дипломирал и специјализирал на Медицинскиот факултет на УКИМ, доцент е на Медицинскиот факултет во Скопје, советник за здравство во Владата, Министерр за здравство.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарски државјанин исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското Езеро

August 9, 2025

Уште гори во близина на главниот грчки град – изгореа куќи и има загинат

August 9, 2025

Албанската полиција ја опколи ТВ Њуз 24 и го исклучи сигналот

August 9, 2025

Уставниот суд на Косово: Парламентот мора да избере нов спикер со јавно гласање

August 9, 2025

Зеленски изјави дека Украинците нема да им ја дадат својата земја на окупаторите

August 9, 2025
ФОКУС

Ен-Би-Си: Белата куќа размислува да го повика Зеленски на Алјаска

ВЕСТИ August 10, 2025

Белата куќа размислува да го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски на Алјаска, каде американскиот претседател…

Нови дваесетина убиени во денешните израелски напади врз Газа

August 9, 2025

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

August 9, 2025

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.