Колекторскиот систем и пречистителната станица во Националниот парк „Пелистер“ ќе чекаат подобри времиња. Министерот за животна средина, Абдилаќим Адеми, при денешната посета на Пелистер, не можеше да прецизира кога ќе заврши овој проект, кој започна да се реалзира пред 8 години, но запре заради недостиг на пари, објавува Телма Телевизија.
На Пелистер веќе подолго време му се заканува еколошка катастрофа, затаоа што старите септички јами во сместувачките капацитети ја губат својата функција, фекалиите се слеваат по планината, ја загадуваат и се шири неподнослива мирзба.
-Овој проект е еднаш започнат, но, пред се од финансиски причини не можеше да се реализира. Денеска со градоначалникот Талески разгледавме неколку опции, но не сакакам сега јавно да ги изнесувам, затоа што после ќе треба да се оправдааат. Во соработка со општина Битола, управата на националниот парк „Пелистер“ и централниот буџет, ќе се обидеме да го решиме ова прашање, меѓутоа дали ќе успееме следната година да ги предвидиме тие средства, не можам тоа да го потврдам, изјави Абдилаќим Адеми, министер за животна.
Исто така отпадните води ги загадуваат и бистрите планински водотеци и извори, а анализите на Центарот за јавно здравје покажуваат бакетериолошка неисправност на неколку чеми на Пелистер. И водата во потпелистерските села многу често е загадена и не се препорачува за пиење.