Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На пензионерите не им се пишува добро – што ќе ни донесе 2030 година?

0
By Zoran Ivanov on July 12, 2025 ОПШТЕСТВО, ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Се споменуваат и можни решенија што не секого ќе го израдуваат – како идејата за постепено покачување на старосната граница за пензионирање или посилно охрабрување на приватните пензиски фондови. Ама, знаете како е… кога ќе се отвори таа тема, сите се намуртени.

Ќе го издржи ли македонскиот пензиски систем ударот на демографијата и економската реалност што ни се насобира пред вратата?

Или можеби само си копаме нова финансиска дупка од која утре ќе нема излез?

Овие дилеми сè почесто кружат меѓу економистите и луѓето што се загрижени за тоа како ќе изгледа Македонија по пет-шест години, кога пензионерите ќе бидат далеку повеќе од оние што го полнат фондот.

Се појавија бројки од Институтот за макроекономска анализа, кои не звучат баш утешно: до 2030, пензионерите ќе го надминат прагот од 400.000. Во истиот момент, активните вработени – тие што секој месец од својата плата делат за да се полни пензискиот фонд – ќе бидат сè помалку. И односот, кој во здрава економија треба да биде четворица работници на еден пензионер, кај нас може да падне на едвај 1,3 работник за секој пензионер. Не мириса на добро, нели?

Економските аналитичари со коишто разговаравме велат:

„Не можете да турате бесконечно во буре без дно. Ако вака продолжиме, секоја година ќе треба од буџетот да се точат сè поголеми суми за да се покриваат пензиите – а тоа значи и поголем јавен долг. И конечно, кога ќе удриме во ѕид?“

Од друга страна, пензионерите не живеат од теорија, туку од својата просечна пензија. За многумина, тоа е сметка за аптека и сметки за струја.

„Со пола пензија купувам лекови, со другата плаќам комуналии. А за трпеза? Бог да чува“, вели Мирјана Лазова од Велес, поранешна медицинска сестра, која го поминала цел живот по болнички ходници, а сега едвај составува месец.

Министерството за труд се обидува да внесе малку оптимизам и да увери дека ситуацијата е под контрола.

„Воведовме таканаречен шведски модел кој ја следи економијата и е пофер. Сепак, клучот е во тоа да имаме повеќе луѓе што плаќаат придонеси. Тоа значи нови вработувања и борба против сивата економија“, брифираат од Министерството.

Аналитичарите го гледаат проблемот пошироко:

„Проблемот е во продуктивноста, во демографијата што ни старее и во тоа што нема вистинска стратегија. Ако сакаме овој систем да преживее, ќе мора да го редизајнираме од корен“.

Се споменуваат и можни решенија што не секого ќе го израдуваат – како идејата за постепено покачување на старосната граница за пензионирање или посилно охрабрување на приватните пензиски фондови. Ама, знаете како е… кога ќе се отвори таа тема, сите се намуртени.

На крајот на краштата, прашањето останува да виси: ќе успееме ли до 2030 да склопиме модел што нема да се распадне или пак ќе оставиме идните генерации да го плаќаат цехот од денешните популистички потези?

Одговорот лежи токму таму каде што најретко се наоѓа – во политичката храброст да се мисли на долг рок, а не само до следните избори.

Текстот е сопственост на Денар.мк

2030 издржи ПИОМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.