Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На Саемот на книга му треба проветрување на старите инертни страници

0
By Ана Василевска on May 11, 2023 ВЕСТИ, КОМЕНТАРИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува:  Ана Василевска

Можеби посетителите, според организаторот на Саемот на книгата и нивниот завршен текст испорачан на медиумите, ја докажале љубовта кон книгите, но останува впечатокот дека тие испорачаа малку, или речиси воопшто љубов кон ова саемско издание. Изразено во бројки, и квантитативни но не и квалитативни толкувања, да, Саемот имаше и бројни издавачи, промоции и посетители. Особено посетители како оние ученици, донесени и буквално истоварени со автобуси пред арената „Борис Трајковски“. Неорганизирани, и без компас втурнати меѓу штандовите, само направија гужва и допринесоа да се влоши и онака задушливиот воздух во спортската сала. И наместо навистина да заминат од таму со убави впечатоци и повеќе љубопитност за литературата, тие се чини како едвај да чекаа да излезат од салата и со џепарлакот да купат сок или сендвич. Вака, ниту издавачите имаат некој ќар од учениците-посетители, ниту пак децата. Повторно, само колку да се создаде привид на масовна посетеност и фотографии што треба да не уверат во успешноста на Саемот.

Но ова е само една од забелешките на адреса на организацијата. Од старомодното брендирање, до несоодветна сала, како и стереотипни промоции во саемското промотивно катче. Сето ова е повеќе од видливо.

Сепак, како и за се друго доведени сме во ситуација да речеме каков-таков барем постои, како лани и години пред тоа. А организаторите и издавачите можеби  чекаат промените да потекнат од државата, без квалитативно, идејно и материјално да инвестираат во подобар Саем. Да потсетиме, дека издавачите се првите приватници во културната дејност кај нас а некои од нив добро живеат веќе неколку децении. Веројатно, ова е и најисплатливиот бизнис во културата. А Саемот на книгата стагнира, тапка во место. Зошто?

Прочитав еден искрен коментар дека Саемот за книга е направен без љубов, без душа. Кога нештата ги правиме со љубов, тоа е видливо и ја остварува целта.

Со сила убавина не бидува. Ни требаат работилници, ни треба нов избор на лектири за младите, ни требаат професори што ги носат децата на Саем со страст , кои потсетуваат на ликот што го игра Робин Вилијамс во „Друштвото на мртвите поети” кои вистински а не лажно ќе им го свртат погледот на децата кон литературата.

Потребна е нова и свежа организација која ќе ја  проветри најголемата книжевна смотра кај нас, и од која навистина ќе се почувствува нова пролет, која нема да ја гледаме од монтиран фото тапет со пеперутки и трева, туку која ќе не допре полнокрвно.

Заслужуваме подобро и поевропски.

 

Литература Саем на книга 2023 средношколци
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.