Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На состанок кај Ковачевски сите партии одат со услови, ама тие да не бидат условувани

0
By Gabi Tocko on November 6, 2022 КОМЕНТАРИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: ЉУБИША НИКОЛОВСКИ

Преговорите закажани за утре кај премиерот Димитар Ковачевски ќе се одвиваат под  парадигма на противречности со која лидерите на политичките партии влегуваат во нив.

Имено сите доаѓаат со свои услови, но не се подготвени да бидат условувани!

Инаку, средбата која ја свикува претседателот на Владата, Ковачевски се организира со цел да се отвори дискусија за европската иднина на Република Северна Македонија, но и за одлуките кои во наредниот период треба да се носат во Собранието со широк политички и општествен консензус,

Тој ги повика политичките партии да седнат на маса и да најдат заеднички јазик, нагласувајќи дека според него добро е да се разговара за уставните измени со цел да се дојде до решение кое би било прифатливо за сите.

Откако малку размислуваше, самиот лидерот на најголемата опозициска патија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски вели дека ќе присуствува на лидерската во понеделник, но тоа нема да биде безусловно.

Значи ќе има свои услови со кои ќе сака да преговара, но како што вели тој, не прифаќа услови и уцени, особено не кога станува збор за промени на Уставот за влез на Бугарите во него!

Овој феномен на безусловно- условување, прв го почна Алијанса за Албанците преку изјавата на в.д. претседателот, градоначалник и ценет доктор Арбен Таравари, кој всушност го отвори прашањето за промена на член 7, со која јазикот што го говори неговата етничка заедница нема веќе да се вика 20 проценти, туку да се вика албански јазик. Се разбира и тие како услов го имаат нивното прифаќање на промена на Уставот, заради Бугарите.

Откако видоа дека тоа може да биде „добитна“ карта за политички поени кај албанските гласачи, на оваа идеја веднаш се налепи и осоколената Беса и нејзиниот амбициозен претседател-градоначалник, Билал Касами, па потрча тој да биде фактор на обединување на сеалбанството и ги покани сите партии на Албанците кај него како домаќин.

Веројатно си помисли дека сега е моментот кога „компанијата“ ДУИ ќе си дозволи да се пикне во неговото „дуќанче“ да разговара на така важни теми за Албанците и за државата.

Конците веднаш им ги помати лидерот на ДУИ Али Ахмети кој „државнички“ им порача на  партиите на Албанците дека „таа работа не е итна“.

Првиот човек на ДУИ, вели дека 20-те отсто во Уставот не ја загрозуваат албанската супстанца во Северна Македонија, додавајќи дека промената на овој термин ќе биде направен во вистински момент.

„Нема никаков проблем, сме разговарале и со ВМРО и со СДСМ. Во вистински момент, кога ќе имаме 80 мандати со 2/3, мнозинство овој проблем може да се поправи.“ рече Ахмети.

Во меѓувреме и иницијаторот на идејата за промена на членот 7, се исконсултираше со „оние“ странски дипломати на кои сакаше да им го објасни пакетот со проемни што го подготвуваат во партијата, па некако ја олабави работата и одлучи да седне на заедничка маса кај Ковачевски. По негови стапки тргнаа и останатите прврзаници на идејата „промени со условување“.

Па така по едно викендашко премислување, сите како попчиња, еден по еден во понеделник ќе се нацртаат кај премиерот Димитар Ковачевски, на заедничка средба.

Дали ќе постигнат нов историски „договор за Македононија„ е прашање на чиј одговор ќе се чека помалку од еден ден.

Но „влезот“ на партиите во преговорите не ветува многу оптимизам.  Сите влегоа со услови, кои на прв поглед се дури и противречни едни на други, па е нејасно дали сите одат со предлози адресирани до Илинденска без број или се така испреплетени што секој, секому има нешто да му забележи, да го услови за да му даде или да му земе.

Поканата на премиерот е чиста и јасна, тој ги покани да разговараат за европската иднина на земјата. Таа е малку широка тема, но во воздухот виси намерата да се постигне консензус за затворање на прашањето на промена на Уставот само со влез на Бугарите и другите кои во пакет треба да бидат во Преамбулата.

Мицковски во главно доаѓа за да каже не. Не, на сите,  за сè.

Прво не на Ковачевски за промена на уставот за бугарите, потоа не и на партиите на Албанците за бришење на одредбата 20 проценти во членот 7 за јазикот кои тие го говорат.

Без разлика на „советите“ од надвор, АА и Беса секако ќе го отворат прашањето што, како што вели Аријанит Хоџа, „Албанците ќе ги направи горди.“

Од тоа нема да бега ниту ДУИ без разлика на „државничкото“ држење во јавноста и ставњето приоритет на европската агенда на државата.

Првиот вицепремиер Артан Груби, инаку задолжен за „грубо“ искажување на партискиите ставови експлицитно кажа: „Ќе треба да се сменат уште многу работи. Не само прашањето за Преамбулата, туку и други прашања, меѓу кои прашањето за ‘20%’, цензусот за референдумот, начинот за избор на Претседателот, тоа да биде консензуално и со избор во Парлементот. Да отвориме широка општествена дебата и да направиме вистинска промена на Уставот со сите елементи,“ изјави Артан Груби.

Но и Мицковски е спремен за полемика. Ако има промена на Устав за промена на член седум, тогаш ајде да разговараме и за укинување на бадентеровиот принцип на гласање во Собранието како и на балансерот за вработување.

Ова може да биде камен на сопнување за сите. Ваквото „големо“ отворање на Уставот нема да и донесе среќа на Македонија и на нејзиниот европски пат.

Оттаму можеби сè ќе се сведе на постигнување компромис од кој сите ќе останат незадоволни, а тоа е ништо да не се менува, освен внесот на Бугарите во Преамбулата како етничка заедница различна од македонскиот народ.

Ако во политиката нема случајности, и ако изјавите во дипломатијата треба да се читаат меѓу редови, таква е и изјавата на шефот на дипломатијата Бујар Османи кој смета дека:

Грешка е кој и да е да го условува европскиот пат со какво било друго барање. Интересот на албанските партии не може да биде во противречност со интересот на интегрирањето во ЕУ. Тоа претставува и стратешка грешка и многу штетна доколку кој било би се обидел да го условува европското интегрирање со какво било друго прашање, било и да е и на етничка основа, истакна Османи.

Со вакво решение, ако не друго, за да нема понижени, омаловажени и повредени суети, сите учесници по состанокот да изјават нешто што ќе им го зачува авторитетот и посебноста, а сепак државата да оди напред.

Хм, да не сонувам пак со отворени очи!

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.