Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Набавни цени за лебот,маслото и брашното – се очекуваат законските измени за ДДВ и за акцизи

0
By Mirjana on March 11, 2022 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лебот, маслото за јадење и брашното од вчера се продаваат по набавни цени, а за дел од основните прехранбени продукти се намалени маржите со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните и да се сочува нивниот животен стандард во екот на најголемата економска криза кога на светските берзи секојдневно расте цената на горивата.

За белиот шеќер, трајното кравјо млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 проценти, свежото месо, сувомеснатите производи, како салами, виршли и колбаси, сирењето, урдата, оризот, јајцата и макароните намалени се профитните маржи во трговијата на големо од 5 на 4 проценти и во трговијата на мало од 10 на 3 проценти. Намалувањето на маржите ќе важи до 31 мај.

Дополнително, како времена мерка целосно е забранет и извозот на маслото за јадење, бидејќи проценките се дека во периодот од 1 до 8 март од државата се извезени 330 тони. Постои можност ваква забрана да има и за дел од другите прехранбени производи како што се брашното, пченицата и пченката бидејќи има побарувачка за извоз од соседните и европските држави.

Следниот вторник, пак, според најавите, најверојатно ќе биде донесена и мерка за увоз на масло за јадење од сите држави со нула проценти царина со што се очекува да се зголеми конкурентноста на пазарот и да се стабилизира цената на овој прехранбен продукт.

Наскоро се очекува да бидат донесени и законските измени на данокот за додадена вредност и за акцизите со кои треба да се намали ДДВ за основните прехрабени продукти и за горивата. Собраниската седница веќе е закажана за денеска во 15 часот, а од Владата апелираат пратениците веднаш да ги усвојат законските измени со кои треба да се овозможат брза имплементација на мерките кои се во насока на заштита на животниот стандард на граѓаните и на компаниите.

– Не е време за политиканство. Сите мерки што беа презентирани од страна на претседателот на Владата и на ресорните министри веќе се пратени во Собранието и би сакал да ги повикам сите пратеници што побрзо да ги усвојат законските измени во делот на Законот за ДДВ и во делот на Законот за акциза, изјави вчера министерот за економија Крешник Бектеши, според кого, ако има добра волја од сите страни, законските измени може да се донесат и во текот на денешниот ден.

Измените се однесуваат на намалување на повластената стапка на ДДВ за основните прехранбени производи од 5 отсто на 0 отсто, намалување на стапката на ДДВ од 18 отсто на 10 отсто за горивата, како и намалување на акцизата за горивата согласно берзанските цени.

Владата во вторникот донесе пакет од 26 мерки од 400 милиони евра за ублажување на ценовниот шок. Премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференцијата на која ги образложи мерките рече дека се соочуваме со најголемата економска криза по Втората Светска војна и дека пред нас е тешка година која со добри мерки и политики ќе ја премостиме.

Единствен приоритет во моментот, како што напиша Ковачевски вчера на Фејсбук, е да се заштити стандардот на граѓаните и да се одржи економската стабилност.

– Ги насочуваме парите онаму каде е најпотребно – за финансиска поддршка на граѓаните и компаниите. Единствен приоритет во моментов е да го заштитиме стандардот на граѓаните и да одржиме економска стабилност, вели Ковачевски во фејсбук статусот.

Од Владата уверуваат дека Буџетот е стабилен, ликвиден и во полна кондиција да ги финансира сите обврски и дека нема опасност по стабилноста на денарот.

Од друга страна, цените на нафтените деривати на светските берзи секојдневно растат. Во земјава, каде цените на горивата почнаа да се определуваат на дневно ниво, секојдневно расте цената на бензините и на дизелот. Вчера поскапе дизелот за три денари и се продава по цена од 97 денари за литар, додека цената на литар Еуросупер БС-95 е 93 денари, а Еуросупер БС-98 се продава по цена од 95 денари.

Од Регулаторната комисија за енергетика велат дека се наоѓаме во најдиманичната недела со најголем број на флуктуации на дневна основа на берзата на нафтените деривати особено на дизелот што се рефлектираат на крајната цена на дериватите. За да се амортизира ударот врз крајната цена, РКЕ донесе одлука за намалување на маржите  за трговците за 33 отсто и повика на трпеливост и солидарност.

Но, снабдувачите на нафтени деривати велат дека работат со загуби и предупредуваат дека може да настане криза со снабдувањето на горива.

 

Од компанијата „Макпетрол“ вчера информираа дека ненадејното намалување на маржите создава непазарни услови кои ќе доведат до криза со снабдувањето со нафта и нафтени деривати и според нив постои сериозен ризик за целосна блокада на економијата, не само на краток, туку и на подолг рок.

– Ваквите мерки, кои што Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РСМ (РКЕ) и останатите институции ги носат без никаква консултација со трговците, во овој случај тие со нафта и нафтени деривати, се несоодветни на глобалната криза од која што особено се зафатени компаниите што се занимаваат со снабдување гориво. Овој сектор изминативе недели веќе работи со загуба поради несоодветната методологија за пресметка, што доведува набавните цени да се повисоки од постоечката малопродажна. Со дополнителното намалување на маржите, загубите ќе бидат огромни. Укажуваме дека тоа може да принуди одредени трговци да престанат да продаваат гориво, а тоа е опција која што и „Макпетрол“ сериозно ја разгледува, истакнаа од „Макпетрол“.

И превозниците за понеделник најавија состанок на кој очекуваат да бидат донесени одредени заклучоци како ќе делуваат понатаму бидејќи според нив најавените мерки нема многу да им помогат на превозниците кои нема да можат да ги следат цените на горивото и нивната промена на дневно ниво.

намалувањето на цените го чекаат собранискиот амин
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.