Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Национална филхармонија – Велигденски концерт 

0
By Zoran Ivanov on April 3, 2026 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 3, 2026 13:33

Во среда, 8-ми април во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи Велигденски концерт на кој ќе биде изведено монументалното вокално-инструментално дело „Ѕвона“ од Сергеј Рахмањинов. Диригент е маестро Најден Тодоров (Бугарија), а како солисти ќе настапат Катерина Стојановска, сопран, Исмет Вејсели, тенор, Иван Наумовски, баритон/бас и хорот „ПроАрс“. На програмата е и симфониската поема „Прелудии“ од Франц Лист.

Во летото 1907 година, за време на престој во Рим, Сергеј Рахмањинов добил анонимно писмо со поемата „Ѕвона“ од Едгар Алан По, во слободна адаптација на рускиот симболист Константин Балмонт.

Поттикнат од оваа необична инспирација, Рахмањинов ја создава монументалната хорска симфонија „Ѕвона“, дело што самиот го сметал за едно од најличните во својот опус. Симфонијата ја следи драматургијата на четирите строфи од поемата и претставува симболично музичко патување низ човечкиот живот – од младешката радост, преку љубовта и зрелоста, до сенката на староста и смртта.

Во руската духовна традиција ѕвоната имаат речиси живо присуство: нивниот звук го придружува човекот од раѓање до последниот миг. Со „Ѕвона“, Рахмањинов создава длабоко поетска и симболична музичка визија, во која звукот на ѕвоната станува метафора за човечкиот живот – од неговата блескава почетна радост до тивкото помирување со вечноста.

 

велигденски Филхармонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026

Вучиќ прогласи победа на локалните избори 

March 30, 2026
ФОКУС
April 12, 2026Updated:April 12, 2026

Денеска е Велигден – ден на Христовото воскресение

ВЕСТИ April 12, 2026

Православните христијани утре го одбележуваат Велигден – празникот на Христовото воскресение, кој се смета за…

По 1.117.515 километри и круг околу Месечината НАСА го спушти Орион на Земјата

April 11, 2026

Руте: Трамп е во право за Гренланд

April 9, 2026

Стартува новиот систем за влез во ЕУ – од утре повеќе чекање на нејзините граници

April 9, 2026
ТИКЕР

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026

Вучиќ прогласи победа на локалните избори 

March 30, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.