Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Над 11.500 пријави за неправилности на грчките плажи преку апликацијата „MyCoast“

0
By Marija Todorovska on August 20, 2025 ТИКЕР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Атина: Незаконско заземање на плажите со поставени лежалки и чадори од бич баровите, недостаток на спасувач, како и пречки за слободен пристап и недостиг на инфраструктура за лица со попреченост, се главните пријави поднесени преку специјалната апликација на грчката Влада „MyCoast“ за нерегуларности на плажите во Грција, а досега биле доставени над 11.500 пријави од кои најголемиот број се на Халкидики.

Според податоците од Министерството за национална економија и финансии, што ги пренесуваат грчките медиуми, заклучно со 17 август на апликацијата имало 11.512 пријави за плажите ширум Грција, од кои 2.433 се однесуваат на Халкидики, 1.048 на источниот дел на областа Атика, поширокиот дел на Атина, 817 на Халкидики и 793 на Додеканизите.

Портпаролот на Министерството Омирос Цапалос за грчката државна телевизија ЕРТ посочи дека во споредба за истиот период, пријавите се двојно помали, „што значи дека оваа година работите се поорганизирани“.

„MyCoast“ е бесплатна апликација за мобилните телефони преку која посетителите на плажите можат да се информираат за законскиот простор доделен на бич бар да постави лежалки, за тоа дали е предвидено присуство на спасувач, дали има специјална рампа за лица со инвалидитет и сл., а доколку забележат отстапки од пропишаното, имаат можност анонимно или со име и презиме да достават пријава.

Од 11.512 пријави, 7.449 се однесуваат на незаконски поставени лежалки вон дозволениот простор, а и во овој дел поголемиот број се на Халкидики.

За нерегуларностите на плажите предвидени се високи парични казни.

Грција неправилности плажи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.