Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Над 250.000 лица минале крај ковчегот на кралицата Елизабета Втора

0
By Sashko on September 20, 2022 СВЕТ
Фото: cnn.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Над 250.000 лица чекаа со часови во километарски редици за да минат покрај ковчегот со телото на кралицата Елизабета Втора и да ѝ оддадат почит во деновите пред нејзиниот погреб во Лондон, соопшти денеска Владата на Велика Британија.

Само на британскиот премиер Винстон Черчил досега граѓаните му оддаваа почит, минувајќи покрај неговиот ковчег во Вестминстерската сала во 1965 година. Тогаш покрај неговиот ковчег поминале 321.360 луѓе.

По државниот погреб вчера во Лондон, кралицата беше погребана на приватна церемонија во капелата Свети Џорџ во дворецот Виндзор. Претходно, ковчегот со нејзиното тело беше изложен во Вестминстерската сала пет дена, а граѓаните можеа да ѝ оддадат почит. Станува збор за најстариот дел од британскиот Парламент.

„Над 250.000 лица минаа низ Парламентот, тоа е засега прелиминарна бројка“, изјави министерката за култура, Мишел Донелан за телевизијата „Скај њуз“.

Запрашана колку погребот го чинеше даночниот обврзник, таа одговори дека не знае. Но, според неа, за Британците тоа би биле „добро потрошени пари“.

„Мислам дека никој не може да инсинуира дека нашата покојна кралица не го заслужила тоа збогување со оглед на должноста и несебичната служба што ја извршуваше повеќе од 70 години“, додаде меѓу другото министерката.

Таа секогаш ја сметала кралицата како „лепак што го држи нашето општество заедно“.

Во Велика Британија денеска продолжи нормалниот живот, суспендиран на 12 дена поради комеморации за Елизабета Втора, која почина на 8 септември на 96-годишна возраст.

Медиуми пишуваат дека и покрај тоа што фотографии од кралицата и од нејзиниот погреб доминираат на насловните страни на сите британски весници, кризата со животните трошоци и социјалните движења бргу ќе се вратат во прв план.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Саркози осуден на пет години затвор

September 25, 2025

Словенија го прогласи Нетанајху „персона нон грата“

September 25, 2025

ЕК одобри дополнителни 50 милиони евра хуманитарна помош за Газа и Западниот Брег

September 25, 2025

Ученик го избоде со нож лицето на наставничката за време на час во Франција

September 24, 2025

Над 1,8 милијарди луѓе живеат во зони под висок ризик од поплави

September 24, 2025
ФОКУС

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

ВЕСТИ September 25, 2025

Од утре стапуваат на сила нови измени во Законот за безбедност во сообраќајот кои предвидуваат…

Вашингтон: Шефот на Пентагон свика итен состанок на стотици генерали и адмирали

September 25, 2025

Американскиот државен секретар на средбата со Лавров побара да се запре со убивањата

September 24, 2025

Трaмп: Кијив може да ја врати целата украинска територија освоена од Русија

September 24, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Саркози осуден на пет години затвор

September 25, 2025

Словенија го прогласи Нетанајху „персона нон грата“

September 25, 2025

ЕК одобри дополнителни 50 милиони евра хуманитарна помош за Газа и Западниот Брег

September 25, 2025

Ученик го избоде со нож лицето на наставничката за време на час во Франција

September 24, 2025

Над 1,8 милијарди луѓе живеат во зони под висок ризик од поплави

September 24, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.