Повеќе од пет милиони потенцијално опасни играчки со вкупна вредност од над 18 милиони евра беа запленети меѓу октомври 2021 година и февруари 2022 година, за време на операцијата Лудус II, координирана од Европол.
Запленети се бројни предмети кои би можеле да бидат опасни и да предизвикуваат ризици, како што се изложеност на хемикалии, гушење, струен удар, оштетување на слухот и опасност од пожар, се вели во соопштението на Европол, пренесува РТС.
Во акцијата запленетголема светска заи се фалсификувани и недозволени сложувалки, видео игри, табла и игри со карти, коцки, кукли …
Најголем дел од играчките се увезени од Источна Азија во Европската унија, Велика Британија и САД.
Операцијата Лудус II ја водеа шпанските државни власти, кои со поддршка на колеги од 21 земја извршија проверки и инспекции за откривање нелегални пратки и складирање играчки.
Бројни рации следеа и по онлајн истраги започнати на платформите за е-трговија.