Земјотрес со јачина од пет степени беше регистриран кусо по 15 часот по локално време во морскиот дел меѓу грчките острови Санторини и Аморгос, што воедно е и најсилниот во серијата земјотреси во изминатите три дена, а за девет часа биле регистрирани над 50 потреси.
Од 7 до 16 часот биле регистрирани 55 земјотреси, од кои 13 над четири степени.
Поради серијата земјотреси во текот на изминатите најмалку три дена, голем број жители, работници, но и туристи со траекти и авиони го напуштаат Санторини, а процените во Грција се дека досега, најмалку 5.000 лица го напуштија островот.