Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Над 8 милиони евра штета поради незаконитости во Скопје 2014

0
By Сашка Цветковска on November 28, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Повеќе од осум милиони евра изнесува штетата која и е направена на општина Центар во рамки на проектот Скопје 2014 поради фаворизирањето на италијанските фирми кои ги лиеја спомениците, се вели во вториот извештај за проектот Скопје 2014 кој по нарачка на општината го работеа експертите Слаѓана Тасева и Драган Малиновски.

Извештајот открива дека во дури 11 тендери за 11 спомен обележја општината Центар наместо најповолните ги избрала најскапите понуди од леарниците Фондериа Фернандо Маринели и Пјетро Базанти, и двете во соптвеност на еден човек. Ова се правело на тој начин што понудите кои ги доставувале други компании, а кои биле двојно, па и тројно поефтини, се исклучувале уште на самиот старт поради разни технички грешки за кои комисијата смета дека не се прифатливи. Така, на крајот останувал само еден понудувач, односно италијанските сестрински компании кои на скопјани им лиеле споменици за многу повисоки цени.

Ревизијата утврдила дека во случајот на Италијанците, општината Центар прифаќала нивни понуди и без доставена банкарска гаранција, иако тоа е незаконски. Тие гаранциите ги доставувале подоцна, вон пропишаниот рок, а комисијата за избор во извештаите лажно вметнувала друг датум, иако датумот на гаранцијата јасно посочувал дека таа е доставена многу подоцна.

Забелешки има и кај исплатите на авторите на спомениците. Имено, општината Центар ним им ги префрлала сите средства за изработка, а не барала отчет за начинот на кој тие ги трошеле парите, па оттука, било речиси невозможно да се утврди колку пари се потрошиле на материјални трошоци, а колку на авторски хонорари.

Ова се заклучоците на ревизорите од вториот дел од извештајот за трошоците:

1.Постапката за изработка на спомениците и скулптурите е спроведена со сериозно прекршување на Законот за јавни набавки

2.Непосредното преговарање за склучување договор со авторите било спроведено на начин кој не овозможува никаква проверка на договорената цена. Поголемиот дел од прифатените пресметки на авторите се паушални, без јасна спецификација на трошоците и како такви не се подобни за евалуација. На тој начин, на авторите им биле исплатени огромни парични средства, без можност да се согледа нивната оправданост.

3. Во општина Центар немало адекватна контрола за тоа дали авторите ги изработиле и испорачале моделите, според вид и количини кои биле договорени и платени со пари на општината. Тоа резултирало со неосновани исплати на високи парични средства кон авторите и кон фирмите кои ги изработувале, односно лиеле елементите.

4. Голем дел од постапките за избор на економски оператори за лиење и изработка во мермер на спомениците и релјефите биле спроведени без да се обезбеди ниту елементарна конкуренција.

5. Општина Центар во повеќе наврати донела проблематични одлуки со кои ги елиминирала конкурентите на фирмите на Фернандо Маринели од Италија, а нему му овозможила предност и привилегирана позиција за добивање на тендерите.

6. Посочените незаконитости во постапките за јавни набавки резултираат со штета по буџетот на општина Центар во износ од околу 8 милиони евра само по основ на изработка на спомениците.

Градоначалникот Андреј Жерновски најави дека извештајот ќе го однесе во Јавното обвинителство. Во меѓувреме и Државниот завод за ревизија подготвува извештај за трошоците за Скопје 2014 во општина Центар на покана на раководството на општината.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.