Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Над илјада бегалци во опасност во Медитеранот, ЕК повикува да им се помогне

0
By Соња Крамарска on November 3, 2022 ВЕСТИ, РЕГИОН, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Три брода со над илјада баратели на азил се наоѓаат во Медитеранот и бараат пристаниште кое ќе ги прифати, Европската комисија потсетува дека тоа е легална и морална обврска, јави дописничката на МИА од Брисел.

Европската комисија потврди дека е информирана оти три брода моментално во Медитеранот сигнализирале тревога и упатиле барање за безбедно вкотвување во Европа, овие бродови пренесуваат мигранти и бегалци од целиот свет. Тие побарале од Малта, Италија или Франција да им дадат пристап до своите пристаништа, но за сега без одговор.

Портпаролката за внатрешни работи во Европската Комисија, Анита Хопер, на денешниот брифинг за новинари потсети дека медитеранската рута е една од најактивните, како и една од најопасните бидејќи има силно присуство на криминални организации.

„Европската комисија како таква не е инволвирана ниту е одговорна за координација на вакви операции во море, ниту дефинира место за излез, меѓутоа потсетуваме дека спасувањето животи во море е морална обврска, но и законска должност за земјите членки согласно меѓународното право и независно од околностите кои ги довеле луѓето во ситуација на опасност во море“, изјави Хопер.

Италија и Малта добиле повици од бродовите на крајот на октомври. Два од овие брода доаѓаат од Либија.

Во Италија, новата премиерка, Џорџиа Мелони, од редовите на екстремната десница сѐ уште не одговорила на повиците на бродовите.

Извор: МИА

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025
ФОКУС

Блокади за „Пулс“ во Кочани- ќе траат по еден час секој ден

ВЕСТИ October 12, 2025

Блокади во Кочани. По, синоќешниот редовен протест во рамки на „Марш за ангелите“, денеска најава…

Најмалку 20 лидери ќе присуствуваат на мировниот самит за Газа во Египет

October 12, 2025

Тел Авив: Аплауз за Трамп, свирежи за Нетанјаху

October 12, 2025

18 килограми злато или 1.8 милиони евра е пленот на вооружените разбојници од златарницата во Гостивар

October 11, 2025
ТИКЕР

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.