Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов утрово го посети Секторот 112 во рамки на ЦУК и од дежурниот сменоводител и примателите на итни повици бил запознат со тековната работа, како и со почетните проблеми со коишто се соочува новиот Сектор 112.
![]()
ЦУК информира дека во петокот, кога бројот за итни повици 112 беше пуштен во употреба, имало околу 600 повици, вчера околу 430, а во текот на ноќва до 8 часот биле примени 76 повици.

