НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Над сто илјади гласа Иванов пред Пендаровски, битката продолжува во вториот круг

0
By Нова ТВ on April 14, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Според резултатите што ги објави Државната изборна комисија на својата веб страница, од обработени 99,72 проценти од гласовите, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорге Иванов води со добиени 448.304 гласови или 51,64%, втор е кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски со 326.069 гласови (37,56%), Илијаз Халими од ДПА има 38.965 (4,49%), а Зоран Поповски од ГРОМ 31.380 гласови (3,61%).

Излезноста на првиот круг од претседателските избори е 48,86 отсто или вкупно гласале 8685.193, а право на глас имаа 1.779.572 лица запишани во Единствениот избирачки список.

Според овие резултати од претседателските избори Поповски и Халими ја завршија трката. Иванов и Пендаровски битката ќе ја продолжат во вториот круг, во ист ден со одржувањето на парламентарните избори.

За победа во првиот круг, кандидатот мора да освои над 50% од гласовите од 1,7 милиони регистрирани гласачи, а не од оние кои излегле на гласање.

Истовремено, изборите ги одбележа и малиот одѕив на албанските гласачи поради барањето на ДУИ за нивното бојкотирање откако не беше прифатено нивното барање за консензуалност при изборот на идниот шеф на државата. Во повеќето општини со мнозинско албанско население одѕивот беше само по неколку проценти, а убедливо најслаб беше во Зајас – помалку од еден процент.

Вториот круг претседателски избори треба да се одржи на 27. април, за кога се закажани и вонредните парламентарни избори, кои ќе бидат спроведени според пропорционалниот модел во шест изборни единици во државата и три изборни единици во дијаспората според мнозинскиот модел.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.