Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Надежта за медиумска слобода урната во Македонија

0
By Нова ТВ on July 12, 2013 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Автор: Тања Милевска

На 21-ви јуни, на македонските новинари, интелектуалци, уметници и слободари им олесни за миг. Специјалниот известувач на Обединетите Нации за промоција и заштита на слободата на мисла и изразување, Франк Ла Ру, го посети Скопје и ја одржа една од најотворените и најчесните прес конференции за слобода на медиуми што сме ја виделе во години.

Заклучоците од неговата мисија беа дека иако правната рамка за медиумска слобода во Македонија е задоволителна, политизираната пракса сериозно загрижува. Еве неколку од главните точки кои ги истакна известувачот:

Најголемата критична телевизија, А1, беше затворена. После речиси едногодишен процес, по полициски упад и приведување на сопствениците, медиумот беше целосно затворен во 2011 поради даночна измама. Властите одбија плаќање на рати кое ќе му овозможеше на медиумскиот конгломерат и на новинарите да продолжат да работат.

Во март годинава, Никола Младенов, газдата на весникот Фокус, еден од последните печатени критични медиуми, почина во необјаснета сообраќајна несреќа. Остануваат многу мистериозни прашања околу несреќа – зошто не е пронајден неговиот мобилен телефон, и покрај тоа што истрата првично соопшти дека телото било пронајдено благодарение на мобилниот сигнал? Зошто истрагата не собира докази од патарините низ кои поминал Младенов таа ноќ? Зошто камерите на патарините не функционирале? Властите и натаму го третираат овој случај како банална сообраќајка, создавајќи се поголем сомнеж кај јавноста. Во меѓувреме неговиот дневен Фокус замина со него. Неделната верзија ќе се печати повторно од оваа седмица благодарение на поддршката на Фондацијата Отворено Општество. Но, до кога?

Истражувачкиот новинар, Томислав Кежаровски, беше уапсен на крајот на мај за наводно откривање на идентитетот на заштитен сведок во кривична постапка од 2008, сведок кој потоа се испостави дека е лажен, и незаштитен во периодот на објавувањето на новинарскиот текст. Привремениот притвор на Кежаровски беше продолжен за дополнителни 30 дена, а на известувачот од ОН не му беше дозволено да го посети во затворот.

Повикувајќи се на неговото лично искуство од Гватемала, Ла Ру објасни како и во неговата земја, оние кои ги откриваат нарушувањата на човековите права се етикетираат како предавници на државата. Конечно сите ние “предавници“ се почувствувавме разбрани и се понадевавме дека владата ќе обрне внимание, бидејќи таа самата и го покани Ла Ру да дојде.

Но, и тоа беше преголемо барање.

Помалку од една недела по заминувањето на известувачот, провладините медиуми – односно сите мејнстрим медиуми – организираа напад врз Ла Ру, врз основа на овој текст (http://dailycaller.com/2011/10/27/un-internet-agenda-tied-to-george-soros/). Со денови едниствено што можеше да се слушне е дека Франк Ла Ру е “платеник на Џорџ Сорос“. Колку и ова да звучи чудно за странската јавност, македонската влада успеа последниве години да наметне идеја дека унгарскиот милијардер би бил на некој начин поврзан за македонската опозиција и дека охрабрува некаков обид за насилна промена на демократски избраната влада на Никола Груевски, иако голем број на членови на партијата на власт во минатото уживале во Соросовите пари за разни проекти.

Опсесијата со овој заговор стана толкава што провладините медиуми измислија и посебен збор – “Соросоиди“- за критичните новинари и невладините организации критични кон власта, без разлика дали истите воопшто добиле некогаш фондови од Фондацијата Отворено Општество. Тоа стана синоним за “предавник“ во секојдневниот говор.

Франк Ла Ру допрва треба да го напише својот извештај врз основа на собраните факти. Се плашам дека кога тоа ќе го стори, неговите заклучоци нема да бидат земени предвид од владата и од медиумите кои и се блиски. Тој е дискредитиран и ништо од тоа што ќе го каже или напише нема да направи разлика таму каде што треба. Исто како што ништо од тоа што ние предавниците го пишуваме не прави веќе никаква разлика.

Она што е уште потрагично е што отвореноста на Ла Ру претставува нешто ново од страна на меѓународните организации. Тој се фокусираше исклучиво на слободата на медиуми без никаква политичка агенда во позадина.

За разлика од него, Европската Унија се покажа многу слаба во пренесувањето пораки до македонските власти кога станува збор за медиумските слободи. Се е извалкано од спорот со Грција околу името. Брисел е толку одлучен да го затвори прашањето што дипломатите и комесарите имаат тенденција да минимизираат секаква критика од страв да не изгубат влијание кај македонскиот Премиер.

Но, не би било фер да се поштеди македонската опозиција од секаква критика. СДСМ е во опозиција седма година по ред и не покажува знаци на излез од политичката апатија. Поранешниот претседател на партијата, Бранко Црвенковски, кој ја напушти фунцкијата пред неколку недели, изрази жалење што не застанал поенергично во одбрана на А1 во 2011. Опозицијата ја гледа деградацијата на човековите права и медиумските слободи како се одвива пред нејзините очи со години. Дали е тоа затоа што се премногу консензуални или се плашат да заземат цврст став? Притворен новинар и мистериозната смрт на најголемиот бранител на слободата на говор, Никола Младенов, не се прашања кои смеат да се третираат лесно. Демократијата, вклучително слободата на изразување, мораат да претставуваат највисок национален интерес.

Сите релевантни играчи, дома и во странство, мора да се отрезнат и да ја стопираат ова авторитарна тенденција пред да биде доцна.

(Преведено од оригиналниот текст на англиски, објавен на 11 јули 2013 во Комитетот за Заштита на Новинари, со седиште во Њујорк.
http://cpj.org/blog/2013/07/hopes-dashed-again-for-more-press-freedom-in-maced.php)

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.