Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Надреалноста – од телевизијата до профилите на политичарите

0
By Zoran Ivanov on February 27, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 27, 2026 20:57

Ако се погледне просторот на поранешна Југославија, вклучувајќи ја и Албанија, се појавува една заедничка културна карактеристика: масовната потрошувачка на телевизијата како доминантна форма на доживување на реалноста. Со децении, телевизијата не беше само средство за информирање, туку општествена институција, апарат за производство на социјална и политичка вистина.

Лорик Идризи

Според податоците на European Broadcasting Union EBU за мерење на гледаноста во регионот, во периодот 1990–2010 гледачите на Балканот поминувале просечно од 3,5 до 5 часа дневно пред телевизор, едно од највисоките нивоа во Европа. Во некои земји, над 90 проценти од домаќинствата ја имале телевизијата како главен извор на информации. Во таа смисла, телевизијата функционирала како хетеротопија, друг простор во рамките на општествениот простор, каде што реалноста не само што се прикажувала, туку и се дефинирала, особено како инструмент во монолитните политички системи.

Денес, оваа колективна карактеристика речиси целосно се префрли кон социјалните мрежи. Западен Балкан се рангира меѓу регионите со најинтензивна употреба на социјални медиуми во Европа. Околу 70 до 80 проценти од населението е активно на социјалните платформи, додека просечната дневна употреба често надминува 2,5 до 3,5 часа, а кај младите достигнува и повеќе од 5 часа. Во Северна Македонија и пошироко во Западен Балкан, социјалните мрежи станаа простор каде што се одвива не само општествената комуникација, туку и јавната дебата, политичката пропаганда и идентитетските и културните расправи.

Оваа промена не е само технолошка, туку онтолошка, бидејќи го трансформира начинот на постоење во светот. Создаден е паралелен виртуелен живот, простор што наликува на она што Фуко би го нарекол постојана хетеротопија, реално место, но надвор од секојдневната реалност, каде нормите се суспендирани и се редефинира нов општествен поредок.

На овој начин се формира симулирана реалност во која политиката не се доживува како управување со секојдневниот живот, туку како конструкција што треба да се перцепира како вистинита. За разлика од многу земји во Западна Европа, каде политиката останува тесно поврзана со институциите и конкретните јавни политики, на Балканот таа често се редуцира на партии, партиите на лидери, а лидерите на профили на социјалните мрежи. Политичкиот дискурс се пресели од животот и физичките хоризонти кон екраните на перцепцијата, каде главната трка е кој наратив ќе доминира над другиот.

Ова произведе опасен феномен, редукција на политиката во комуникација наместо во дејствување. Политиката и нејзините перцепции се трансформираа во симболичка комуникација, бидејќи граѓаните ја доживуваат претежно преку профилите на политичарите и медиумските наративи, а не како конкретна реалност што директно влијае врз нивниот живот.

Во овој контекст, виртуелното на Балканот не е само производ на технологијата, туку и на недовршената транзиција. Тоа, всушност, е вакуумот помеѓу европската иднина и постсоцијалистичката летаргија.

 

колумна Лорик Идризи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.