Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Надзорната комисија за поплавите закочена на Деловникот

1
By Влатко Чаловски on September 16, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Надзорната комисија за поплавите во Скопско никако не може да започне со сослушување на сведоците, бидејќи пратениците од 11 часот до сега си држат лекции едни на други како треба да се одвива сослушувањето.

Претседателот на Комисијата Панче Орцев пред малку ја даде и трета пауза, а седницата ќе продолжи во 16.30 часот.

Орцев и пратеничката група на СДСМ бараат сослушувањето да се одвива, како што велат, според Деловникот, односно секој сведок да има по пет минути излагање, а потоа претставниците на пратеничките групи на СДСМ и на ВМРО ДПМНЕ наизменично да имаат по 5 минути за прашања и одговори.

Од ВМРО ДПМНЕ пак, бараат Орцев  на гласање да го стави нивниот предлог за сослушување на сведоците, спопед кој, да има по три минути исказ на сведокот и потоа по три минути за прашање и три минути за одговор на наизменичните прашања  на претставниците од ВМРО ДПМНЕ и СДСМ.

Работата на Комисијата изминативе 4 часа се одвива во тензична атмосфера во која претставниците на ВМРО ДПМНЕ го обвинуваат Орцев дека расправата ја започнал со осуда на сведоците, иако финкцијата на Комисијата е да утврди дали евентуално има пропуст на институциите и да утврди исклучиво политичка одговорност.

Од друга страна, аргументот на опозицијата е дека ВМРО ДПМНЕ со процедурални искази се обуидува да ја одолговлече работата на Комисијата за сведоците да не бидат сослушани.

Расправата е по барање на пратениците на СДСМ во Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Според планираното, треба ќе бидат сослушани 30 сегашни и поранешни функционери, меѓу кои и четворица поранешни премиери во чии мандати беше градена обиколницата од 2002 до 2006 година.

На сдницата се присутни вицепремиерот Никола Тодоров, како шеф на Кризниот штаб на Владата, Оливер Ромевски, директорот на УХМР, Михаил Цветков, министерот за земјоделство, Тони Мартиновски, директорот на „Скопско Поле“, Жарко Караџоски, директорот на „Македонски шуми“, Коце Трајановски и Тони Трајковски, градоначалниците на Скопје и на општина Гази Баба, кои треба да бидат сослушани денеска.

По барање на пратениците на СДСМ покана е испратена до лидерот на ВМРО ДПМНЕ и екс премиер Никола Груевски, ддоека пратениците на ВМРО ДПМНЕ на сведочење ги повикаа екс премиерите од СДСМ Бранко Црвенковски, Хари Костов и Владо Бучковски.

Поранешните премиери најверојатно ќе бидат сослушани наредната недела.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.