Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Наградата „Ладислав Баришиќ“ за 2020 година ја доби Благоја Варошанец, историчар на уметност и кустос

0
By Нова ТВ on July 28, 2020 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Здружението на ликовни критичари „АИКА Македонија“ ја додели наградата „Ладислав Баришиќ“ за 2020 година од областа на ликовната критика.

Комисијата во состав Елена Вељановска, Ана Франговска и Нада Пешева одлучи наградата „Ладислав Баришиќ“ за 2020 година да се додели на проектот „Тајните места на Скопје“ на Благоја Варошанец, заради развиеноста, обемот на проектот и акутноста на истражувачката проблематика.

Проектот се осврнува на ургентната потреба од документирање, мапирање и архивирање на современото модерно уметничко наследство: скулптури, објекти, мурали, мозаици, витражи и сл., поставени во јавен простор на територијата на градот Скопје, создадени во периодот по втората светска војна сѐ до 90-тите години на 20 век. Тој им дава видливост на познатите, а открива и помалку познати остварувања на модерната, реализирани во јавен простор, на отворено, но и во разновидни објекти од јавен карактер: згради на јавни установи и деловни објекти,  дворови на фабрики и сл.

„Ова истражување и дава светлина на модерната уметност и од контекст на круцијалноста во урбанистичкото планирање на градот, во кое уметнички дела се планираат како интегрален дел од една архитектонската целина, а не како нивна декорација. Со тоа проектот открива дела и целини коишто преку годините и заради непланските зголемувања, украсувања и сквернавења на јавниот простор (особено со проектот Скопје 2014) се сокриени, запоставени, оштетени или оставени на забот на времето“, стои во соопштението на „АИКА Македонија“.

Авторот се надева дека со нивното објавување ќе се зголеми познавањето на современата историја на уметност којашто нѐ опкружува и ќе се избегне нејзино свекравење од незнаење (како во случајот со споменичната целина во Старо Бачило во Маврово, делото на архитектот Радован Раѓеновиќ, каде има и постамент (кој датира од 70-те годни), со мозаик на познатиот уметник Глигор Чемерски, којашто преку промотивна комерцијална ангажирана акција на графит артист, беше „исшарана“).

Во тој контекс авторот на проектот, Благоја Варошанец, посочува: „… овој проект ќе послужи како траен архивски материјал и едукативен пример во создавање на чувство на почит спрема историските вредности и еден континуитет на град кој живеел и ќе живее врз темелите на настаните и великаните кои учествувале во градење на тие вредности. Односот кон културното наследство и културните вредностите е нешто што се случува во затворени професионални кругови (уметници, архитекти, историчари на уметност, академици). Затоа, крајните цели на овој проект се во формат на јавно образование, за да се направи разграничување на апсолутното право на приватна сопственост, како и за тоа која е културната вредност на таа сопственост, за заштитени културни споменици и јавно добро на јавен простор.“

Првичниот медиум на проектот, социјалните мрежи, дополнително помага во комуникација на содржините со пошироката јавност. Планираната публикација ќе послужи како алатка за архивирање на ова истражување, а планираниот симпозиум за аналитичко промислување и дискутирање на состојбата со овие дела и нивен третман во иднина, за да се спасат од заборавот.

Благоја Варошанец (1982, Скопје) е кустос во Музејот на современата уметност во Скопје. Дипломира на катедрата на Историја на уметност со археологија на Филозофскиот факултет во Скопје. Образованието го продолжува на постдипломски интердисциплинарни Културолошки студии во книжевноста на  Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Во 2019 година станува член на Извршниот одбор на МНК ИКОМ, а во 2020 година се стекнува со стручното звање Виш кустос. Неговата префесионална определба е ориентирана кон водење и презентирање на колекцијата во Музејот, како и презентирање на современи уметници. Има курирано над 50 изложби на светски познати уметници, изложби во соработка со Британскиот Совет, како и Биеналето на млади, интернационални изложби и соработки. Се занимава со фотографија и истражувања во областа на културата и уметноста.

Доделувањето на наградата е овозможено со финансиска поддршка од Министерство за култура на РСМ и Град Скопје.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.