Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Наивно

0
By Светлана Јовановска on February 1, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Реакцијата на Европската унија за последните настани во Македонија беше изненадувачки брза а на ЕУ не и е обичај да реагира со ваква брзина.

Ние, обичните смртници, се понадевавме дека Брисел ќе ни послужи убаво јадење за да ни ја врати желбата за живот по сите македонски мрсни диети кои ни се нудат секојдневно. Наместо тоа, за жал, наидовме на бесвкусно јадење од европската кантина.

Остатокот од кусата реакција на ЕУ нé потсети дека оваа институција нема да и помогне на македонската демократија. Но и тоа веќе го знаевме.

Оваа брзина само јасно стави на знаење дека ЕУ е исплашена од непредвидливоста на македонската политика која не се раководи од политички принципи туку од остатоците на византиското поимање на политиката кое никако да изумре на Балканот и кои, во ова ново време, се преоблечени во европско руво.

Од текстот откриваме дека ЕУ била информирана за настаните во Македонија од Министерството за надворешни работи. И тоа е добро. Но не е добро што Брисел одлучил многу да не размислува. Се чини дека реакцијата била добро усогласена со самото министерство и, меѓу другото, имала за цел да не ја налути владата.

ЕУ, слично на Груевски во неговото саботно обраќање, потсетува на “независна и транспарентна истрага» и «меѓународни стандарди».

Кусо и добронамерно речено, ЕУ реакцијата е наивна. Таа им остава бришан простор на сите учесници во «пучот» да се однесуваат како што сакаат. ЕУ дури не сметаше дека треба да додаде дека оваа институција со внимание ќе го следи развојот на настаните. САД барем тоа го кажаа. Колку да стават на знаење дека МНР нема да им ги пишува соопштенијата.

ЕУ можеше на пример да потсети дека во својот извештај за Македонија од 2014 година вели дека препораката може да биде одземена. Не дека тоа ќе ја насекира владата, но можеше да потсети кои инструменти ги поседува во своите односи со нашата земја.

Можеше исто така потсети која е улогата која треба да ја играат медиумите во “пучот”.

ЕУ воопшто не рече дека е загрижена за состојбата во Македонија. Таа е загрижена за нарушувањето на политичкиот дијалог: “ЕУ ја повторува својата загриженост во врска со влошувањето на политичкиот дијалог во земјата». Сепак се наметнува прашањето, како може да биде нарушен политички дијалог кој одамна не постои? Или ние сме пропуштиле некоја епизода од македонскиот политички монолог?

Можеа, на пример, да се посоветуваат со некој од нивните колеги кои подобро ја познаваат состојбата во нашата земја. Како на пример Карл Билд според кој “обвинувања за обид за државен удар се чинат пресилни. ЕУ мора силно да се ангажира за да се обезбеди владеење на правото”.

Всушност, читајќи го соопштението се сетив на скорешната дефиниција на австрискиот професот Флоријан Бибер кој пред неколку дена во Лондон рече: “Авторитарните влади со нов стил се тука за да останат (…) Една работа за овие влади е сигурна на среден рок: тие нема да тргнат кон либерална демократија».

ЕУ, вели Бибер, од дрвата не ја гледа шумата. Во нашата прашума ЕУ ризикува сосема да се загуби. И ние заедно со неа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.