Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Најава за нов самит ЕУ-Западен Балкан во декември – Северна Македонија и Албанија се опции за домаќини

0
By Sashko on September 20, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На почетокот на декември ќе се одржи нов самит на лидерите на Европската Унија (ЕУ) и на Западен Балкан, за првпат во една од земјите од регионот, во Северна Македонија или во Албанија, објави РТС повикувајќи се на дипломатски извори во Брисел.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, тој состанок треба да даде нов, силен сигнал за посветеноста на ЕУ кон Западен Балкан, со порака до земјите од регионот да го искористат новосоздадениот политички амбиент во Европа, со цел да се подобри процесот на пристапување и решавање на отворените прашања во регионот.

Иако консултациите сè уште траат, европските дипломатски кругови оценуваат дека Србија нема шанси да биде домаќин на оваа средба на највисоко ниво, пред се поради неусогласеноста на Белград со надворешната политика на ЕУ кон војната во Украина.

„Позициите и реториката на Србија за санкциите против Русија и војната во Украина се неприфатливи за многу земји членки“, наведуваат европските дипломати за РТС и оценуваат дека самитот „најверојатно ќе се одржи во Северна Македонија или во Албанија“.

Во Брисел оценуваат дека војната во Украина ја зајакнала свеста во Европа за важноста на политиката на проширување за стабилноста на континентот, што се покажува и со покажаната подготвеност за брз напредок во разговорите со Украина и другите земји кои до неодамна не беа дел од процесот.

„Важно е земјите од Западен Балкан да не останат на страна и со тоа да го пропуштат моментумот за побрз напредок“, наведуваат дипломатски извори и оценуваат дека во наредните месеци ќе се бараат начини за конкретен напредок во прашања како што е почеток на преговорите со Северна Македонија, поконкретен напредок во дијалогот меѓу Белград и Приштина, кандидатскиот статус за БиХ и барањето на Приштина за визна либерализација.

Пред самитот во декември, на 6 октомври во Прага ќе се одржи самит на таканаречената Европска политичка заедница, на иницијатива на францускиот претседател Емануел Макрон и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Овој нов формат треба да ги доведе на иста маса членките на ЕУ и оние земји кои немаат или не сакаат перспектива за членство, обезбедувајќи платформа за редовна дебата за прашања од заеднички интерес за целиот континент, од безбедноста и енергетиката до климатските промени и поврзаноста.

Заедно со поканите за земјите од Западен Балкан, како што пренесува РТС, претседателот на Европскиот совет Мишел и чешкиот премиер Вијала на самитот ги поканиле и Велика Британија, Украина, Молдавија, Грузија, Турција, Азербејџан и Израел.

Германскиот канцелар Олаф Шолц го поддржа проектот за Европска политичка заедница, со предупредување дека тој не може да биде замена за проширувањето на ЕУ и најави „оживување“ на Берлинскиот процес и одржување нов самит на оваа иницијатива на 3 ноември во Берлин, со фокус на Зелената агенда и заедничкиот регионален пазар.

Многу земји-членки сметаат дека Берлинскиот процес е недоволно инклузивен формат, бидејќи собира само една третина од членките на ЕУ, и затоа е потребен сигнал за поширок европски политички ангажман на Балканот, меѓу другото и преку самитот на лидерите на ЕУ и на Западен Балкан, најавен за почетокот на декември во регионот, јави РТС.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.