Операцијата што утринава беше извршена врз бебето Најден, по компликациите на гласните жици и белите дробови, поминала во најдобар ред, информираат од Клиниката за уво нос и грло.
Интервенцијата била неопходна откако лекарите утврдиле дека здравствената состојба на бебето се влошува поради отсечениот јазик при што настрадале гласните жици, а компликациите се прошириле и на белите дробови. Бебето Најден во моментов е во стабилна здравствена состојба, велат од клиниката.
„Најден е сега во добра здравствена состојба# – изјавија оттаму.
Лекарите му го дадоа името Најден, откако пред четири месеци бебето беше пронајдено во грмушки во атарот на селото Арачиново. Се утврди дека над бебето е извршено насилство и дека му е отсечен јазикот.
Од Министерството за внатрешни работи претпоставува дека сторители на овој грозоморен чин се неговите родители кои сe уште не се пронајдени.