Невладината организација МОСТ која што го следи процесот на гласање ги соопшти нивните бројки за излезност по часови. Според податоците добиени од ПВТ програмата (паралелно пребројување на гласовите), која претставува математичко-статистичка научна метода, одѕивот на гласачите по изборни единици е следниот:
ИЕ 1 – до 11 часот 18,78%, до 12 часот 28,58%, до 13 часот 38,74%
ИЕ 2 – до 11 часот 16,98%, до 12 часот 25,27%, до 13 часот 33,41%
ИЕ 3 – до 11 часот 20,69%, до 12 часот 30,18%, до 13 часот 39,14%
ИЕ 4 – до 11 часот 20,48%, до 12 часот 29,99%, до 13 часот 39,31%
ИЕ 5 – до 11 часот 17,54%, до 12 часот 25,81%, до 13 часот 33,87%
ИЕ 6 – до 11 часот 10,54%, до 12 часот 17,28%, до 13 часот 24,83%