Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Најголемиот непријател на Груевски

0
By Биљана Секуловска on February 6, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Зошто Америка, поточно Кејт Брнс, претставничка на САД и вршителка на должност во Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена, го повика ВМРО-ДПМНЕ јавно да ја поддржи работата на Специјалната обвинителка во текот на сите фази на нејзината работа?

Што вели таа- Изјавите на една политичка партија, ВМРО-ДПМНЕ, и нејзините лидери кои ја напаѓаат работата на Специјалната обвинителка се уште еден извор на загриженост.

Веројатно ничии последни денови не поминуваат незабележано.

Конечно, тоа не беше било каква изјава на Груевски, пред десетина дена, тоа беше повеќе од величенствен повик за пресметка со непријателите, кога тој со државнички стил загрми:

“Во април народот ќе ја врати делумно одземената власт, и на клоци ќе ги избрка вештачки насадените функционери, порача Груевски во својот говор”.

Одамна никој не го потценува Груевски- тој знае што говори и на кого се однесуваат клоците, кога предупреди: “Ќе помине долго, многу долго време, пред на некој политичар да му падне на ум да се обидува на власт со голема измама, со соработка со странски разузнавачки служби, со соработка со криминалци, со фалсификатори, Чауши, Ванхојтовци, Катици и со продавачи на магла на типови чија главна цел е да ги изрекетираат бизнисмените во нивниот град”, рече Груевски.

На Америка по се изгледа не и се допаѓа оваа реторика на напад кон Катица Јанева, но која е таа да суди за Груевски, за овој разборит, честит човек, кој деноноќно низ годините куцкал, пишувал и препишувал долги листи на непријатели, како сведоштво на неговиот маченички живот?

Цела година веќе помина како тој се врти и превртува додека спие, се препотува и се раскопчува и повторно закопчува, ги фрла јорганите и пак ги враќа, прави од нив планина и се стуткува под неа, за пак да ја растури огорчено.

Станува избезумено и легнува и повторно срипува и конечно како без здив седнува на трпезариската маса во дневната соба. Борбата почнува, туку како, де разлутен, и намуртен, де со свежина и полет, ги поминува саатите кои како да му клукаат една жила во главата, како да му објавуваат ново раѓање.

Пред него стои топ свежа хартија и обично пенкало, со кое ја запишува историјата на оваа земја: листата на предавници и непријатели кои нема да му побегнат, барем додека е тој жив.

Долга е раката на ВМРО, мрмори тој и треснува на масата, но одеднаш го заплиснува необјаснива радост, за која се уште не е свесен од каде доаѓа, затоа што ниту една мисла не му пролетува, освен зуењето во ушите, кое трае со месеци и заради што и не може да мисли.
Се лупнува во челото, па да, одлично звучи, поетски, Катици и Вајнхотовци, или како и да се вика тој кој му го уништи животот, лагодниот, безгрижен живот во кој немаше сенка, ниту трага од овој пекол.

Тогаш се исправа важно, небаре е реинкарнација на Руми и пред него клечи публика, желна да слушне уште еден негов стих и после може и да умре. Почнува да го вежба говорот кој утредента ќе го слушне цела нација и ќе се расплаче од помислата што ја чека. Унијата на жени е тука да го поддржи, вечната фамилија, функционерите во пад, но што е сега тоа важно, затоа што се работи за говор со кој непријателската сорта ќе угине од клоците на народот. Тоа е таа природна селекција со која немоќните, слабите, неспособните ги снемува. Ако има за тоа и список, уште подобро, во меѓувреме природата може да се погрижи за опстанок на пандите, кукавиците и ретките ластовици.

Но, списокот на Груевски според правилото, се лепи на секоја бандера и дрво, затоа што тој е природата која се справува со непогодите, тој ја чисти земјата од коровот, тој ја има семоќната моќ да пресуди кој влегува во списокот, а кој е потцртан три пати и му се влепени дополнителни три извичници.

Човекот кој беше страв и трепет со години, човекот кој ноќе апсеше и од дома ги влечкаше непријателите пред очите на децата (сетете се на Кежаровски, иако не е само тој), човекот кој беше самата правда и право, човекот кој беше и обвинител и порота и адвокат и судија и полиција, човекот чија слика ја користеа весниците за секој функционер, за сите професии и за секој обичен човек.

Човекот кој сакаше од сите нас да направи Груевски, ете тој човек, кога ќе заврши и овој ден, повторно ќе ја има таа ноќ. Кога пак ќе му се врати на списокот на непријатели, затоа тој список е се што има, се што му останало, откако сите некако заспале. Нема да се сети повеќе на ниту еден човек, на ниту едно име, затоа што сите се тука. И јас и тој и вие. Никогаш нема да му дојде на ум дека има само уште едно име незапишано. Неговиот најголем непријател, оној што сакаше сите од нас да направи Груевски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

ВЕСТИ October 8, 2025

Вториот ден од преговорите за завршување на војната помеѓу Израел и Хамас во Појасот Газа,…

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

October 7, 2025

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.