Најмалку 12 луѓе загинале и уште други 25 се ранети откако бомбаш самоубиец се разнел во погребна поворка во северниот дел од Ирак, јавува Си-Ен-Ен.
Нападот бил во градот Ал-Мукдадија, 80 километри североисточно од ирачката престолнина Багдад, меѓу масата луѓе коишто присуствувале на погребот на истакнат провладин сунитски племенски шеик.
Засега никој не ја преземал одговорноста за нападот, меѓутоа досегашните инциденти покажуваат дека сунитските радикални бунтовници кои се поврзани со глобалната терористичка мрежа Ал Каеда досега ги напаѓаат припадниците на шиитското мнозинство, како и сунитските прозападни племенски челници и оние кои соработуваат со владата во која главниот збор го водат шиитите.