Најмалку 28 луѓе загинале а 65 се повредени по серијата бомбашки напади во главниот град на Ирак, Багдад при што главна цел биле шиитските населби.
Полицијата соопшти дека најкрвавиот напад бил во централниот дел на соседството Садриа, каде што паркиран автомобил-бомба експлодирал на отворен пазар, при што загинале пет купувачи а 15 други биле повредени.
Другите напади се одвивале во населбите Шааб, Тобчи, Карада, Азамија и Амил. Според известувањата на „Ал Џезира“, сеуште нема одговор од властите.
Ирак се соочува со бран на насилство од април. Оттогаш, според Обединетите нации повеќе од 5 500 луѓе се убиени .
Ниедна група нема преземено одговорност за насилството, но сунитските бунтовници поврзани со Ал Каеда често пати координираа бомбардирања низ Багдад, таргетирајќи шиити, на кои гледаат како одметници.