Досега 227 луѓе загинаа во земјотресот од 7,2 степена по Рихтер на Хаити, соопштија властите.
Видеата што на социјалните мрежи ги споделуваат жителите покажуваат страотни снимки од спасувачките екипи кои се борат да спасат преживеани под урнатините.
Националната агенција за океани и атмосфера прво издаде предупредување за цунами, но наскоро беше повлечено.
За несреќата да биде поголема, по земјотресот морето ги преплавило улиците во градот на Хаити.
Во земјотресот во 2010 година на Хаити загинаа над 220.000 лица.
Силниот земјотрес којшто го погоди денеска западниот дел од Хаити. Епицентарот е на 10 км длабочина, 100 километри западно од главниот град Порт-О-Пренс.
Земјотресот беше почувствуван насекаде низ Хаити, Јамајка и Доминиканска Република.
BREAKING NEWS 🟥 +++ Sea begins to enter in Haiti, after the 7.2 powerful earthquake. There is a tsunami warning in progress.pic.twitter.com/1Zne9qmq0e
— 🔶 news alert 🇭🇹 Special Haiti earthquake (@igandean) August 14, 2021