Во денешните израелски воздушни напади врз Појасот Газа убиени се 33 Палестинци, а 25 се повредени, соопштија палестинските власти.
Дваесет луѓе загинаа, а 25 се повредени при напад врз две куќи во градот Газа.
Додека во нападот врз Муваси, каде живеат голем број раселени Палестинци под шатори загинаа 13 луѓе. Израелската армија тврди дека мета на нападите е командата на Хамас, како и магацините за оружје