Бројот на загинати во Рига се искачи на 51 лице, откако се урна покрив на еден супермаркет, причините сеуште непознати.
Началникот на Државната пожарникарско-спасувачка служба Оскар Аболинш, соопштил дека меѓу загинатите има и тројца спасувачи. Тој наведе дека потрагата по преживеаните е отежната поради отстранувањето на големите бетонски плочи.
Градоначалникот на Рига, Нилс Ушаков, соопшти преку Твитер, дека под урнатините можно е да има уште луѓе. Несреќата се случи во четвртокот во супермаркетот „Максима“.
На покривот на супермаркетот се градела зимска градина, а се шпекулира дека имало и некоја експлозија.
Објектот е со површина од 500 квадратни метри, а е изграден пред две години.