Најмалку 55 лица се повредени и 200 евакуирани при силна експлозија на гас што се случи утрово во центарот на Прага, а постои сомнеж и дека луѓе останале под рушевините, соопшти екипата за спасување.
Во моментот на експлозијата, на неколку десетици метри од чешкиот Народен театар, во зградата биле околу 15 лица, но се уште никој нема информации за жртви, а околните згради се евакуирани.
„Тоа беше страшна паника, луѓето паѓаа на земја, настана голема мешаница. Еден човек падна, а четворица други го порегазија. На луѓето им течеше крв од ушите, а некои имаа и скршеници“, ја пренесуваат чешките медиуми изјавата на една студентка по име Јана.
Портпаролот на полицијата, Томаш Хулан истакна дека се уште не е познато кои се причините за експлозијата, но веројатно се работи за експлозија од гас.