Најмалку 90 Палестинци загинаа, а десетици се ранети во израелските напади врз Појасот Газа во последните 24 часа, соопшти денеска палестинското Министерство за здравство.
АП претходно објави дека меѓу убиените има најмалку 22 деца.
Министерството за здравство во Газа објави дека 2.799 Палестинци се убиени, а 7.805 се ранети откако Израел продолжи со нападите врз енклавата на 18 март, пренесува Ilkha.