Организаторот на парадата на гордоста во Загреб, Марко Јуриќ, не го криеше задоволството пред медиумите: Ова е најголемата парада досега. Некогаш немало помалку полиција. Ова е недвосмислена порака до владата дека сакаме со закон да се уредат прашањата на нашите семејства и тој закон го очекуваме до крајот на годината, рече Јуриќ.
„Најмногу ме интересира што ќе рече Уставниот суд“, додаде тој.
Попладнево беа прогласени хомофрендовите и хомобот на годината. Титулата хомофренд ја доби фронтменот на групата Хладно пиво, Миле Кекин, а титулата хомофоб му припадна на загребскиот надбискуп, кардиналот Јосип Божаниќ.
Според проценките на хрватските медиуми на парадата под знамето на виножитото се собраа над 15.000 луѓе.