Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Најмногу активни случаи во Скопје, вакцинацијата продолжува во домашни услови

0
By НОВА ТВ on July 27, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Состојбата со Ковид-19 во државата засега останува стабилна. Вчера беа регистрирани 16 оздравени лица, а вакцинирањето се одвива непречено на сите пунктови во државата. Во тек е и пријавување за вакцинирање во домашни услови.

Најмногу активни случаи има во Скопје – 108, а на територија на државата вкупно 300.

Во статистиката на Министерството за здравство за претходното деноноќие вчера беа регистрирани нови десет заболени од Ковид-19, од кои седум во Скопје и по еден во Прилеп, Тетово и Струга, како и две починати лица.

Според податоците на МЗ, досега се дијагностицирани 156 086 Ковид-пациенти, оздравеле 150 295, а починале 5 491 лице.. Досега во земјата се направени вкупно 955.617 тестирања на Ковид-19.

Од ресорното Министерство секојдневно упатуваат апел до граѓаните да се вакцинираат, бидејќи тоа е најефикасниот начин да се спречи ширењето на вирусот.

Освен вакцинацијата која се одвива во пунктовите низ државата, истовремено продолжува и теренската вакцинација, и тоа денеска на 31 населено место.

Вакцинацијата, како што соопшти Министерството за здравство, ќе се одвива во населените места:

Тетово – Боговиње, Ново Село, Селца, Кече

Берово – Мачево

Гостивар – Балиндол, Турчане

Свети Николе – Павлешенци, Ѓуѓанци

Струмица – Василево

Неготино – Вешје, Д.Дисан

Пробиштип – Стрмош

Кочани – Грдовци

Кичево – Другово, Србјани, Пополжани, Манистирско Доленци

Битола – Беранци, Д.Српци, Лознани, Вашарејца, Новоелани, Ивањевци, Свето Тодори, Подино, Трновци

Македонски Брод – Брезница, Близанско, Тажево

Велес – Оризари

Вчера почна и пријавувањето за вакцинирање во домашни услови.

Ова важи за граѓаните кои поради здравствени причини не се во можност да дојдат и да примат вакцина против КОВИД на вакциналните пунктови.

Закажувањето е преку директно јавување во здравствените домови, а може да го направат и директно со пријавување на пунктовите за вакцинација, соопшти Министерството за здравство.

Чешката влада вчера донесе одлука да испрати како подарок 2,39 милиони вакцини против Ковид-19 на 12 земји, вклучувајќи ги и Северна Македонија, Босна и Херцеговина и некои земји во Африка и Азија, меѓу кои и Тајван. Донацијата се заснова на договорот на лидерите на земјите-членки на Европската унија да испорачаат 100 милиони дози вакцини на трети земји.

Инаку, вакцинацијата масовно продолжува и во повеќето европски земји.

Во Данска на лицата кои примиле две различни вакцини против Ковид-19, ќе им биде понудена и трета доза на вакцина.

Како што соопштија од Министерство за здравство во Данска, причина за ова е тоа што неколку земји надвор од ЕУ и Шенген зоната при влез во земјата на оние кои се вакцинирани со различни вакцини не им признава дека се целосно имунизирани.

Тоа може да предизвика проблеми со патувањата за речиси 150 000 дански граѓани кои примиле две различни вакцини против Ковид-19.

И покрај вакцинацијата, Ковид-19 забрзано се шири низ државите во Европа, предупреди вчера Светската здравствена организација.

Според најновите податоци, во последните шест месеци Грција и Кипар имаат највисоки стапки на инфекција од пандемијата, додека Шпанија и Португалија имаат најголем број на инфекции.

Велика Британија, пак, вчера забележа најмал број дневни случаи на Ковид-19 од 4 јули и се смета дека неодамнешниот пораст на нови случаи предизвикани од ширењето на новиот Делта сој го поминал својот врв.
Бројот на новоинфицирани паѓа шести ден по ред. Во неделата имало 29.173 случаи, а денеска 24.950 случаи. Вкупниот број новоинфицирани во текот на изминатата недела е за петтина помалку од претходната недела. Британската влада процени дека ризикот од смрт или хоспитализација е низок поради високата стапка на вакцинација што штити од развој на потешки форми на Ковид-19.

До вчера 60 отсто од француското население примило барем една доза од вакцината против Ковид-19. Само во последните две недели биле вакцинирани четири милиони лица, јави дописникот на МИА.

-Дури 40 милиони Французи примија барем една доза вакцина или речиси 60 отсто од населението (+ четири милиони за петнаесет дена), напиша на својот  твитер профил францускиот претседател Емануел Макрон

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.