Еден од најсилните тајфуни досега, супер тајфунот Хаијан кој ги зафати Филипините предизвика човечки жртви- повеќе од 120 загинати и голема материјална штета и продолжува да се движи кон Виетнам.
При оваа најголема тропска бура што некогаш го погодила светот, ветерот се движел со брзина од 315 километри на час, а најсилните ветрови достигнувале брзина од 380 километри на час јавува Си-Ен-Ен.
Најмалку 100 луѓе загинале само во еден град каде што поминал тајфунот, додека на улиците на Таклобан, каде што тајфунот беше насилен, телата на сто луѓе мртви лежат по улиците.
Спасувачките екипи не можат да дојдат до повредените, а помошта е отежната бидејќи оштетени се и аеродромите. Тајфунот се движи кон Виетнам каде се евакуирани повеќе од 100 илјади луѓе.