Според мерењата во Скопје, во декември во воздухот на главниот град имало просечна концентрација на ПМ10 од 600, а според списокот на Светската здравствена организација, во кој го нема Скопје, најзагадениот воздух во еден од светските градови достигнал до концентрација на честичките ПМ10 од 372.
Еве листа на најзагадените градови во светот, според СЗО.
Според СЗО, изложеноста на загадување на воздухот се влошува во некои делови на светот, особено во индустријализираните земји.
Како што покажува табелата погоре, градовите со најлош квалитет на воздухот често не се главните градови, туку провинциски места со големи индустриски капацитети во нив или во нивна близина.
Ахваз, на пример, во југозападниот дел на Иран, далеку ги надминува озлогласено загадените градови како Њу Делхи или Пекинг, со 372 дела на милион честички помали од 10 микрометри (ПМ10) на кубен метар годишно, во споредба со светскиот просек од 71.
Животниот век во градот со 1.200.000 жители е најмал во Иран.