Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Намалете малку од „режиските“ трошоци и направете повеќе за гладните и понижените во светот, направете повеќе за мирот и човековите права

0
By Xhabir Deralla on September 21, 2022 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Меѓународен ден на мирот, 21 септември… Освен декларации и пригодни изјави, колку и да се тие остри, самокритични и искрени или дипломатски и завиени во „неутралност“, светот – сиот тој обичен, ранлив свет – нема ништо.

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Читам, темата на Меѓународниот ден на мирот во 2022 година, според Обединетите нации, е „Крај на расизмот. Изградете мир“.

„Ве покануваме да се придружите на напорите на Обединетите нации во стремеж кон свет без расизам и расна дискриминација. Свет во кој сочувството и емпатијата ги надминуваат сомнежите и омразата. Свет со кој навистина можеме да се гордееме“ – пишува во соопштението на Обединетите нации до светот.

Убава порака од Обединетите нации, но тоа е истата, најважна организација во светот, во која членка на Советот за безбедност спроведува крвава и уништувачка војна против соседна држава, а преку неа се заканува со нуклеарен холокауст, измрзнување на Европа и глад во светот.

Што можеме да констатираме на 21 септември 2022 година, Меѓународниот ден на мирот? Време на крвава војна во Европа, геноцидна руска агресија врз мирољубивата, независна Украина. Време на жестоки неправди насекаде во светот, расна, етничка и верска поделеност, омраза и насилства. Глад. Неправди. Нееднаквост. Климатски промени од кои најмногу страдаат најранливите.

Во пресрет на Меѓународниот ден на мирот, шефот на Обединетите нации, Антонио Гутереш, станува сè поостар во своите обраќања до светот. И оваа година, тој ги повтори и ги зајакна своите пораки дека светот доживеал неуспех.

„Мирот е благородна и неопходна потрага и единствениот практичен пат кон подобар, поправеден свет за сите луѓе. Сепак, на премногу места, во премногу контексти, ние не успеваме во каузата за мир“ – рече Гутереш и во право е.

Но… Освен декларации и пригодни изјави, колку и да се тие остри, самокритични и искрени или дипломатски и завиени во „неутралност“, светот – сиот тој обичен, ранлив свет – нема ништо. Напротив, светот продолжува да се дели и да пропаѓа во стравични кризи во кои секојдневно животот го губат илјадници цивили, меѓу кои жени, деца и стари. Жени и девојки се жртви на физичко и сексуално насилство и дискриминација. Русите го претворија силувањето и тортурата врз цивилите во оружје на војната, но затоа Обединетите нации повикуваат на разум, прекин на огнот и преговори. И толку.

Јас и ти, драг-а читател-к-е, можеме да бидеме критични и/или самокритични. Но Обединетите нации мора да можат многу повеќе. Драги мои, ние можеме да констатираме дека има гладни и сиромашни и да се чувствуваме немоќни да сториме било што во врска со тоа, да бидеме огорчени и тажни поради тоа. Но големите меѓународни организации, можат да намалат малку од милијардите евра и долари за „режиски“ трошоци и да направат нешто повеќе за гладните и понижените во светот. А можат малку да намалат од лажниот баланс и неутралност, па да покажат повеќе „пристрасност“ кон мирот и човековите права и слободи. Па да преземат посериозни чекори против злото собрано во кабинетот на злосторникот Путин и сличните на него расеани низ Земјината топка.


Извор: ЦИВИЛ МЕДИА

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.