Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Намалување на приходите на Мекдоналдс по бојкотот поради војната во Газа

0
By Marija Todorovska on February 6, 2024 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Американски мултинационален синџир за брза храна Мекдоналдс објави дека во последниот квартал го забележал првиот пад на продажбата во последните четири години. Причината за тоа е слабиот промет во деловниот регион, кој ги опфаќа Блискиот Исток, Кина и Индија.

Синџирот за брза храна е еден од неколкуте западни брендови погодени од протести и кампањи за бојкот поради нивниот произраелски став во конфликтот меѓу Израел и Хамас.

Споредливите продажби во сегментот на меѓународните лиценцирани пазари за развој на Мекдоналдс се зголемија за 0,7 отсто во кварталот, со што не ги исполнија  проценките за раст од 5,5 проценти, според податоците на LSEG. Тој дел сочинува 10 отсто од вкупниот приход на Мекдоналдс во 2023 година.

Главниот извршен директор Крис Кемпчински минатиот месец изјави дека развојот на настаните на Блискиот Исток има „значително деловно влијание“ врз Мекдоналдс во регионот и некои области надвор од него поради војната и „поврзани дезинформации“ за брендот.

– Ефектите (од војната) врз одржливоста на заработката се наша најголема грижа. Изгледа дека тоа ќе биде проблем што ќе продолжи и по следниот квартал или можеби дури и два, рече Брајан Мулбери, менаџер на портфолио на клиенти во Закс Инвестмент, кој поседува акции од Мекдоналдс.

Минатата недела, Старбакс, исто така, ја намали својата годишна прогноза за продажба, делумно поради падот на продажбата и прометот во продавниците на Блискиот Исток. Во меѓувреме, потрошувачката во Кина, вториот по големина пазар на Мекдоналдс, исто така остана слаба и покрај мерките за поддршка на владата. Старбакс претходно соопшти дека закрепнувањето на продажбата во Кина е побавно од очекуваното. Мекдоналдс исто така ќе доживее слични трендови во Кина во кварталот, додаде Мулбери од Zacks Investment.

Блискиот Исток бојкот Мекдоналдс произраелски став
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.