Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Наместо да градат катна гаража, градилиштето им е гаража

0
By Нова ТВ on May 9, 2013 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


На 19 февруари годинава, во едно дождливо предизборно претпладне, во рамките на кампањата за локалните избори, премиерот Никола Груевски фрли неколку лопати бетон во претходно поставениот камен темелник и со тоа го означи почетокот на градбата на последната, седма државна катна гаража во центарот на Скопје, која се наоѓа веднаш наспроти Новиот стар театар и до Музејот на холокаустот.

Оттогаш, речиси три месеци подоцна, градењето на катната гаража сѐ уште не е почнато. На средината од градилиштето, лево од камионот на снимката, уште може да се види местото каде што премиерот Груевски го постави камен темелникот и толку.

Но, веднаш потоа градилиштето почна да се користи како гаража и во него во работно време постојано има паркирани возила. Од почеток тие беа паркирани низ целото градилиште, но последните дождови почнаа да создаваат кал и дупки полни со вода, па бројот на паркирани возила како да се намали. Покрај ова, на градилиштето му е најдена уште една намена – како магацин. Во него се складираат дрвени подножја за палети со плочки, кои работниците ги поставуваат во дворот од Новиот стар театар отспротива, а има и куп дрвени трупци кои или се искористени или допрва треба да им се најде намена.

Инаку, поставувањето на камен темелникот беше беспрекорно организирано, освен доцнењето на премиерот од 30 минути кое веќе станува традиционално кога тој треба да се појави некаде. Истите контејнери што треба да ги користат градежниците во текот на изградбата стојат уште оттогаш.

Од друга страна, пак, во своето поздравно обраќање, премиерот особено истакна дека проектот за оваа катна гаража е правен така да биде „bankable“ (демек, прифатлив за банките), што значи дека кредитот е обезбеден и дека изградбата веќе требаше да биде почната. Но, испаѓа дека далеку побитно било поставувањето на камен темелникот насред избори отколку вистинската изградба.

Премиерот во таа прилика истакна и дека оваа катна гаража ќе им биде добредојдена на оние што работат во околните згради, но тие се чини дека го претекнаа и не почекаа таа да се изгради, туку веднаш почнаа да се паркираат на калливото градилиште.

Оваа катна гаража, инаку, е најскапата по цената на чинење на едно паркинг место. Таа треба да чини 237,2 милиони денари (3,86 милиони евра) и да содржи 169 паркинг места. Ова значи дека едно паркинг место ќе чини 22.820 евра.

Ваквата цена значи и дека ќе бидат потребни 45.640 паркирања за тоа да се отплати. А, толку многу паркирања значат дека тоа паркинг место ќе треба да биде полно секој работен ден (без викенди, но и во празници) и тоа 12 часа дневно нон-стоп по цена од половина евро на час за да се исплати после 14 и пол години.

Се разбира, кога се вели да се исплати, се мисли на основниот трошок на градба, без каматите за кредитите и без сите други трошоци што ќе бидат направени во тој период од 14 и пол години какви што се плати, струја, вода, парно, бензин, телефони, интернет, одржување, обезбедување и што уште не.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025
ФОКУС

Копенхаген: Европските лидери се „договорија“ за ништо

ВЕСТИ October 2, 2025

Европските лидери во Копенхаген, Данска, цел ден расправаа за безбедноста на континентот но без конкретни…

Париз: Синдикални протести низ цела Франција – се бараат и повисоки даноци за богатите

October 2, 2025

Лидерот на военото крило на Хамас во Газа Дин ал-Хадад го отфрлил планот на Трамп за прекин на војната во енклавата

October 2, 2025

Штрајк со глад започнаа дел од грчките активисти од флотилата „Глобал Сумид“, кои се задржани од израелските власти

October 2, 2025
ТИКЕР

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.